„По многу обиди, стотици негативни тестови за бременост и тон солзи, јас сум мајка на четворка“

„Купивме дом и веднаш почнавме да се обидуваме да имаме бебе. Бевме многу млади и воопшто не очекував дека е можно да имаме некакви проблеми, но...“, ја почнува својата приказна Хана од Охајо.

po-mnogu-obidi-stotici-negativni-testovi-za-bremenost-i-ton-solzi-jas-sum-majka-na-chetvorka-01.jpg

Хана Мертон од Охајо е мајка која отворено говори за борбата со неплодноста, предвременото породување и губењето на бебе за да ги охрабри и другите жени кои се соочуваат со истото и да им каже дека не се сами.

Нејзината искрена исповед:

„Откако се сеќавам за себе знам дека посакував да станам мајка. Доаѓам од огромно семејство и имам 7 браќа и сестри.

Ја сретнав љубовта на мојот живот на 15 години, станавме најдобри другари прво, а по една година почнавме да се состануваме. Се венчавме веднаш по средно училиште и иако сите ни велеа „Тоа нема да потрае“, ние успеавме.

po-mnogu-obidi-stotici-negativni-testovi-za-bremenost-i-ton-solzi-jas-sum-majka-na-chetvorka-08.jpg

Купивме дом и веднаш почнавме да се обидуваме да имаме бебе. Бевме многу млади и воопшто не очекував дека е можно да имаме некакви проблеми.

По година дена обиди и стотици негативни тестови за бременост, илјадници солзи и милион пати подгревање на нашите надежи и потоа разочарувања, појдов на доктор да направиме некои тестови.

po-mnogu-obidi-stotici-negativni-testovi-za-bremenost-i-ton-solzi-jas-sum-majka-na-chetvorka-03.png

Mи беше дијагностициран Синдром на полицистични јајници. Ми дадоа лекарства за баланс на моите хормони. Потоа сѐ изгледаше во ред, но јас уште не можев да забременам.

По уште 6 месеци обиди, појдов пак на специјалист за многу подетални испитувања и ми беше откриено некое запушување на каналите и бев подложена на низа третмани и на асистирано оплодување.

По многу третмани и молитви, на 5-ти октомври 2019 конечно го добив мојот позитивен тест за бременост. Мојот сон конечно се исполни по 2 години обиди.

po-mnogu-obidi-stotici-negativni-testovi-za-bremenost-i-ton-solzi-jas-sum-majka-na-chetvorka-07.jpeg

Мислев дека носам близнаци, а мојот сопруг сметаше дека сум луда. Не знам што се случило, но имало овулација и од левата страна на јајниците, за која мислев дека е блокирана.

Имаше период кога ништо не беше сигурно и бев преплашена, но на ехото кое го направив на 8 седмици бременост се видоа 5 бебиња, а на 16-тата недела дознавме дека ќе имаме 3 девојчиња и 2 момчиња. Тогаш веќе конечно можев да се опуштам и да уживам во бременoста.

po-mnogu-obidi-stotici-negativni-testovi-za-bremenost-i-ton-solzi-jas-sum-majka-na-chetvorka-05.jpg

Но, на 23-тата недела повторно бев во болница затоа што на докторите нешто им беше чудно. На 25-тата недела во март 2020 почнаа контракциите и ме породија со царски рез.

po-mnogu-obidi-stotici-negativni-testovi-za-bremenost-i-ton-solzi-jas-sum-majka-na-chetvorka-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Вирална објава на една мајка: „Потрудете се да бидете добар брачен партнер, а не само добар родител“ „Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg