Трендови за откривање на полот на бебето: Чад во боја, балони со конфети, мистериозни кутии (видео)
Во последниве години, низ светот па и кај нас, популарни се забавите за откривање на полот на бебето. Како најчесто оди праксата?
Докторот на скрининг не го открива полот на родителите, го запишува на едно ливче кое потоа тие го доверуваат на организатор на забава (пријател, некој од семејството) – тој одлучува дали ќе им направи сини или розови балони, огномети и сл.
Друга опција е доколку родителите направат неинвазивен тест во кој исто така се открива полот на бебето, па резултатот добиен електронски го споделат со организаторот на забавата кој ќе им го подготви изненадувањето.
Балони, колачиња во бои, торти, огномети – може да видите мал милион идеи за откривање на полот на бебето, а ние ви споделуваме неколку видеа: