Мајка објави вирално ТикТок видео: „Родив дете од 6,4 килограми со царски рез – немаа пелени за него“
Откако на ТикТок повеќе родители почнаа да споделуваат колкави биле нивните бебиња кога се родиле, приказната на една жена ги засени сите – кога се родил, пред пет години, нејзиниот син тежел 6 килограми, речиси дупло од просечно новороденче.
Корисник на ТикТок направил видео во кое ги прашува родителите од социјалната мрежа колкава била тежината на нивните деца кога се родиле, со цел да го најдат најтешкото. На видеото одговорила мајка од САД, која дефинитивно ги засени сите.
„Сакате да си играме најголемо бебе? Нема проблем. На 38 недели и еден ден го родив синот со царски рез, изведен од двајца доктори бидејќи се роди со неверојатни 6,4 килограми“, вели таа во нејзиното видео кое веќе има над 29 милиони прегледи.
Мајката открива дека нејзиното синче било долго речиси 60 сантиметри во моментот кога се родило. За споредба, просечната тежина на новороденчињата е околу 3 килограми, а просечната должина околу 45 сантиметри.
„Не родив бебе, туку мало дете кое помина 11 денови во болница. Очигледно, тој беше најголемото бебе таму. Медицинските лица немаа ни пелени за него, ниту облека. Мораа да земаат пелени од педијатрија, а му облекувавме облека за бебе старо 9 месеци“.
@shans1588 #stitch with @tawnee117 #greenscreen Meet my 14lb .06 oz baby boy!
♬ original sound - Shans1588
Видеото на мајката стана вирално, а корисниците не ја испушија можноста да се пошегуваат:
„Сигурно веќе има извадено кредит“.
„Ова бебе само го возело автомобилот кога го пуштиле од болница“.
„Се роди како возрасен човек“.
Неколкумина се пошегувале и за фотката со бебето и лекарите:
„Го држат како освоена награда“.
Денес детето има 5 години, а после првото видео, мајката сподели и уште едно со понови фотки.
„Тој е здраво, тврдоглаво и силно 5-годишно момче кое сака бејзбол, фудбал и возила“, пишува во описот.
@shans1588 Our 14 1b .6oz baby boy. J is a healthy, stubborn and STRONG 5 year old who loves baseball, football and Monster Trucks. ##fyp ##bigbaby
♬ Proud of You - Five Times August
Спирова С. | Црнобело