„Јас сум домаќинка, работам сѐ дома, чувам деца, плус праќам мејлови за сопругот - како да му станав слугинка“
За жал, голем е бројот на мажи кои сметаат дека нивна обврска е само да донесат пари дома и ништо повеќе. Ниту учествуваат во воспитувањето на децата, ниту завршуваат некои од домашните обврски, секако со чест на исклучоци. Жена на Reddit искрено се пожали за тоа...
Анонимна жена на Reddit се пожали околу ситуацијата во нејзиниот дом.
Искрено и од срце таа напиша како се поставени работите кај неа дома и дека почнала да се чувствува како слугинка на својот сопруг:
„Јас сум домаќинка, мајка на 4 деца, а мојот сопруг е тој кој оди на работа и носи леб дома. Тоа значи дека јас се справувам со најголемиот дел од домашните обврски, воспитувањето на децата и се трудам да направам најмногу што можам за кога тој ќе дојде дома да може да се релаксира.
Една од работите за кои сум задолжена е и тоа да му резервирам летови и хотели за состаноци, да му го средам CV-то, да аплицирам за работни места од негово име (тој ми кажува на кои) и средување на целата папирологија која доаѓа со тоа. Ако некој некогаш добие мејл од него, тоа сум јас.
Најчесто не ми пречи ова. Работев како рецепционерка пред да се земеме и ова не ми е комплицирано да го правам. Иако понекогаш ми е тешко да ги извршам обврските толку брзо, колку што сака тој, затоа што притоа треба да се справувам со 4 деца.
Па, денес тој ми кажа дека е можно да сум му го загрозила новото работно место затоа што не сум испратила соодветна документација. Иако му објаснив 3 пати дека направив сѐ како што тееба, тој продолжи да ми наоѓа замерки.
Сега, размислувам бидејќи очекува секогаш да оставам што и да правам во моментот и да му ги средувам неговите работи и документи, да почнам да му наплаќам мала сума за тоа. Одреден износ за неговите итни работи, кои всушност не се итни, туку тој притиска и паничи, и со тие пари да купам нешто убаво за децата (затоа што некогаш завршувајќи ги неговите работи го прескокнувам играњето со нив).
Дали тоа ќе биде погрешно? Тој работи толку напорно и мислам дека помагањето на сопругот е нешто за кое жените треба да се среќни, но исто така чувствувам како да правам премногу и можеби ова е начин на кој се трудам да не бидам негова слугинка. Дали сум за жалење?
Ви благодарам што го прочитавте ова и се радувам однапред на вашите совети...“
По нејзината искрена исповед следеа низа коментари од корисници на Reddit во кои нејзиниот сопруг беше нападнат како мрзелив, неблагодарен и што уште не.
Луѓето го обвинија дека се однесува недоговорно и дека и самиот треба да преземе дел од обврските околу децата и домот, без разлика што тој е тој што работи и носи леб дома.
Што мислите вие? Дали постојат многу мажи кои сметаат дека си ја завршиле работата дома само затоа што заработиле пари за сметки и храна? Но, можеби и жената е виновна што погрешно се поставила на почетокот?
Колку сопрузи и татковци познавате што не учествуваат активно во воспитувањето на децата и извршувањето на обврските во домот? Па, дури и обратно...
Ние познаваме многу семејства во кои двајцата родители имаат еднаква улога и посакуваме сите да земат пример од овие мајки и татковци!
С. С. | Црнобело