Не, не сте лоша мајка! 8 работи за кои мајките се чувствуваат виновно

Мајките како да имаат жаба на душата поради одредени свои однесувања. Но, навистина нема потреба од грижа дека понекогаш одбивате да си играте со децата или пак дека на помалото дете на моменти му посветувате поголемо внимание.

ne-ne-ste-losha-majka-top-8-raboti-za-koi-majkite-se-chuvstvuvaat-vinovno-01.jpg

Пред да станете родител не ни очекувате какви промени ќе ви се случат во животот, а една од тие е константното чувство на вина.

Родителите се чувствуваат виновно за разни работи, а особено мајките чувството на вина си го носат како тежок товар на себе постојано.

Најчестите работи за кои мајките чувствуваат вина:

Работењето (иако тоа е поради потребата од финансиска сигурност) 

Сметаат дека поради тоа испуштаат клучни моменти од животот на своите деца.

Одбивањето да си играат со децата

Нивниот мозок едноставно некогаш не може и не е расположен за да се преправа дека тие се продавачки или полицајки или да играат каква било игра со улоги со своите малечки.

Неможноста да им купат одредени работи на своите деца

Неретко родителите немаат финансии за да му купат на своето дете некоја скапа играчка која тоа ја посакува или да го запишат на часови за некој тимски спорт.

ne-ne-ste-losha-majka-top-8-raboti-za-koi-majkite-se-chuvstvuvaat-vinovno-02.jpg

Што не се доволно трпеливи

Мајките често се преморени, фрустрирани и оптоварени со обврски, па некогаш немаат доволно трпение за барањата на своите деца и знаат да избувнат.

Што си земаат време за себе

Чувствуваат вина кога наместо со семејството, времето го посветуваат на кафе со пријателките, читање книга или масажа, но реално тоа е неопходно за да можат да функционираат.

За битките со своето ментално здравје 

И тие може да имаат некаква траума или проблем со менталното здравје, но тоа им прави чувство на вина затоа што сметаат дека нивното дете не заслужува несовршен родител со несовршено ментално здравје.

ne-ne-ste-losha-majka-top-8-raboti-za-koi-majkite-se-chuvstvuvaat-vinovno-03.jpg

Што минуваат премногу време на телефон

Дури и кога станува збор за проверување на мејл или комуникација со колега, ако мајките пропуштат нешто што детето им кажува или пак бара се чувствуваат ужасно.

Што посветуваат повеќе внимание на помалите деца, отколку на постарите

Ако едното дете е бебе, а другото има неколку години веќе се смета дека тоа на одреден начин е самостојно и не му треба помош, па вниманието повеќе е кон бебето и тоа ги мачи мајките.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg