Разговор меѓу сопруг и психолог: „Јас работам во банка, ама жена ми не работи ништо, таа е домаќинка“

Оваа приказна е разговор помеѓу сопруг и психолог пренесена од една мајка од Флорида.

razgovor-megju-soprug-i-psiholog-jas-rabota-vo-banka-ama-zhena-mi-ne-raboti-nishto-taa-e-domakjinka-01.jpgФото: Фејсбук

„Господине, што работите?“

„Јас сум сметководител во една банка.“

„А, вашата сопруга?“

„Таа е домаќинка, не работи.“

„Кој е задолжен за појадокот во вашето семејство?“

„Мојата сопруга, затоа што нели, не работи.“

„Кога се буди вашата сопруга наутро?“

„Се буди доста рано затоа што има многу работи за организирање. Од појадок, па да ги облече децата, да им помогне со миење и подготовка за училиште. Станува кога ќе се разбуди бебето кое треба да го надои, пресоблече и смири.“

„Како одат вашите деца во училиште?“

„Ги носи сопругата, затоа што таа не работи.“

„А, што прави вашата сопруга кога ќе ги однесе децата на училиште?“

„За да не мора да излегува неколкупати од дома, си ги завршува обврските надвор од домот – пазарење, некогаш шопинг за неопходни работи за семејството, плаќање сметки и сл. Понекогаш ако заборави нешто да заврши, мора одново да го облече и спреми детето, да седне повторно во автомобилот и да ги заврши заостанатите обврски. Кога ќе се прибере дома, мора да го нахрани бебето, да направи ручек за нас, да го заспие бебето, да ја среди кујната, да ги здипли и испегла алиштата, малку да ја потсреди куќата. И така – некои вакви ситници низ домот.“

„Вие, доцна се враќате од работа? Што правите кога ќе си дојдете дома?“

„Се одмарам, нормално. Па, се враќам доста уморен.“

„Што прави вашата сопруга навечер?“

„Па, оние редовни работи, вечера за децата, да ги нахрани, да потсреди кујната, да фрли ѓубре, мие садови...А, да таа се грижи и за кучето да биде прошетано и нахрането. Си играат со децата и ги спрема за спиење. Ги бања, им облекува пижами ги мие и ги заспива. Бебето во меѓувреме јаде и се пресоблекува уште неколку пати и во текот на целата ноќ  - ама бебе е, такви му се потребите. Додека ние спиеме, мојата сопруга станува неколкупати во текот на ноќта, ама па не и е проблем затоа што она не мора да стане наутро за на работа.“

Ова е една класична рутина на мајка домаќинка која не е вработена.

Сето ова им е добро познато на сите жени – мајки и баби, стрини и тетки и пријателки кои имаат семејство кое исто како и оваа сопруга уште од сабајле нешто прават иако всушност  - не работат.

Почитувајте ги повеќе жените кои верувајте работат и кога не се вработени.

А, кога некој ќе ме праша дали работам или сум само домаќинка, тука нема едноставен одговор, затоа што:

Јас работам како сопруга и работното време ми е од 0 до 24.

Јас сум мајка.

Јас сум жена.

Јас сум ќерка.

Јас сум будилник.

Јас сум готвач.

Јас сум чистачка.

Јас сум шеф.

Јас сум келнер.

Јас сум дадилка.

Јас сум медицинска сестра.

Јас сум обичен работник.

Јас сум советник.

Јас немам годишен одмор.

Јас немам право да бидам болна и уморна.

Немам право ниту на слободен ден.

Немам ни плата за она што го работам.

Но, и покрај сето ова, често знаат да ме прашаат – Што правиш по цел ден?

Овие жени се како сол – секое јадење без неа би било без вкус. Толку мала, а толку значајна состојка.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg