Зошто „Немој да го учиш бебето да заспива во раце!“ е погрешен совет за мајките?
фото: pexels.com
Ако бебето го заспивате во раце, може да се навикне на вашиот допир и близина. Ако се навикне на вашата близина, може секогаш да ве бара.
Ако секогаш ве бара, може да плаче кога нема да сте во близина.
Ако плаче, ќе мора да го земете и утешите.
Ако го утешите кога сте му потреби, може да си помисли дека сте тука за него. Дека може да се потпре на вас.
Ако помисли дека може да се потпре на вас, ќе очекува да го разберете кога е вознемирено.
Ако го разбирате кога е вознемирено, може да научи да ги контролира своите емоции.
Ако научи да ги контролира своите емоции, понатаму во животот ќе му биде полесно да формира цврсти врски со луѓето.
Ако лесно формира врски и се поврзува со луѓето, ќе биде лесно прилагодлив човек.
Ако стане лесно прилагодлив, ќе биде задоволен со себе.
Ако биде задоволен со себе, самоуверен и силен, може да се случи – веќе да не мора да го заспивате во раце...
фото: pexels.com
Е. П. | Црнобело