Мајката која стана позната откако роди осумка го прослави нивниот 12-ти роденден – има вкупно 14 деца
Надја Сулеман стекна светска слава кога роди осумка пред 12 години. По разводот, на 21 година почнала со асистирано оплодување и пред да ја роди осумката имала 6 деца.
Надја Сулеман од Лос Анџелес стана светски позната откако пред 12 години роди осумка. Таа на свет донесе 8 здрави бебиња, кои сега го прославија својот 12-ти роденден.
45-годишната Надја претходно имаше уште 6 деца добиени со помош на асистирано оплодување и е мајка на вкупно 14 деца.
На Инстаграм таа споделува како изгледа нивното секојдневие и открива дека некои од постарите деца веќе не сакаат да се фотографираат и таа ја почитува нивната приватност.
„Среќен 12-ти роденден на 8 од моите прекрасни деца, добри и полни со почит“ е нејзината објава во која вели дека тие се нејзината дефиниција за љубов.
Како изгледа животот на ова големо семејство, низ фотографии:
С. С. | Црнобело