„Имам 33 години, мажена сум, но сакам да го одложам раѓањето на деца за понатаму“

„Јас и сопругот имаме по 33 години и ако забременам утре, нашето прво дете ќе се роди кога ќе имаме 34. Двајцата се согласивме дека сакаме да имаме деца, најверојатно две, но всушност не сакам да забременам сега. Еве зошто...“, започнува исповедта на оваа жена.

imam-33-godini-mazhena-sum-no-sakam-da-go-odlozham-ragjanjeto-na-deca-za-ponatamu-001.jpg

Жена од Велика Британија анонимно во групата Mumsnet откри дека сака да постигне одредени работи пред да има деца, па така иако е мажена и има 33 години смета дека е во ред да го одложи забременувањето за понатаму.

Нејзината исповед:

„Јас и сопругот имаме по 33 години и ако забременам утре, нашето прво дете ќе се роди кога ќе имаме 34. Двајцата се согласивме дека сакаме да имаме деца, најверојатно две, но всушност не сакам да забременам сега.

Како и да е, свесни сме дека не стануваме помлади и се прашуваме дали се во ред нашите вакви планови? Инаку, финансиски сме стабилни и можеме да си дозволиме да растеме дете.

Факти ЗА забременување сега:

Плус, не знаеме колку време ќе ни биде потребно за да забременам, може да требаат и неколку години, а како што слушнав забременувањето е потешко како што стареете (иако интересно е што знаеме повеќе постари парови кои немаа проблем, а млади кои знаеме дека се борат за да добијат потомство), се грижиме дека нашите родители ќе бидат многу стари и нема да можат да уживаат со внуците соодветно, плус со пандемијата периодов сите други планови за професионален напредок ни се сопрени.

Исто така, поголемиот дел од нашите пријатели имаат деца во моментов, па добивањето деца ќе нѐ стави на исто ниво со нив (се чувствуваме како да доцниме неколку години зад сите, затоа што тие се венчаа во перидот кога ние се запознавме).

Факти ПРОТИВ забременување сега:

На страната за да почекаме со добивањето дете е тоа што се запознавме подоцна од што би сакале, па имавме само 3 години заедно сами, а една од тие три мина во ограничувања и карантини поради пандемијата.

Сакаме да имаме свадба, се венчавме лани само со родителите и браќата и сестрите поради короната и немавме соодветна прослава. Двајцата сме многу социјални луѓе со голема група на пријатели со кои би сакале да прославиме.

Се разбира, можеме да организираме забава откако ќе добиеме бебе, но ќе биде чудно тоа да го направиме толку доцна после венчавката и можеби нашите приоритети ќе ни се променат по добивањето на дете и нема да сакаме да трошиме пари...? Но, јас сметам дека секогаш ќе бидам тажна што ќе го пропуштам сето тоа.

Исто така и медениот месец. Би сакале да одиме на некој убав одмор пред да се роди детето, но поради короната сме спречени. Исто така не живееме на местото на коешто сакаме да живееме кога ќе имаме деца. Сакаме да се преселиме за да не бидеме заглавени тука кога ќе се роди детето.

И за крај, не стигнавме во нашите кариери до точката до која би сакале да сме кога ќе пристигне бебето. Ова значи помалку пари и моќ, односно слобода во работата за сами да одредиме колку работни часа на ден ќе имаме итн. Ние би сакале уште неколку години да минат пред да добиеме бебе.

Па, гледајќи ја нашата позиција и години што мислите да почекаме барем уште 18 месеци, па да можеме да имаме свадба, меден месец, нов дом и унапредување во кариерите? Или, тоа е многу ризично?

Во коментарите мислењата беа поделени. Дел на оваа анонимна жена ѝ советуваат да не чека затоа што се коцка со плодноста и не треба да чека особено затоа што посакува да има 2 деца во животот, додека други ѝ пишуваат дека се гледа дека сѐ уште не сака да забремени и дека не треба да го прави тоа затоа што може да се кае во иднина за сите работи кои не успеала да ги постигне, дека дете треба да има дури тогаш кога ќе биде сигурна дека го сака тоа. Но, дали е тоа „туку-така“ кога тие ќе одлучат...?!

Што мислите вие?

Повеќе коментари на темата прочитајте ТУКА!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg