10 знаци дека нешто загрижувачко се случува со вашето дете и не треба да ги игнорирате
Ако „преку ноќ“ детенцето почнува да има проблеми во училиште, а претходно му одело добро, тешко го совладува материјалот или забележувате физички промени во облекувањето, можеби треба да обрнете поголемо внимание.
Ниту една детска „фаза“ не се случува без причина, а ова се знаци кои ниту еден родител не смее да ги игнорира, но не смее ни да паничите ако забележите некој од нив:
1. Одеднаш не се грижи за тоа како изгледа и не се облекува соодветно за времето
Многу често се случува дете кое претрпело некаква траума, емоционална или физичка, да престане да се грижи за себе. Секако, не треба да кревате паника ако го забележите ова веднаш, но следете го однесувањето на детето и проценете дали има некаков проблем.
2. Константно е гладно
Ова може да е предизвикано од некаков стрес со кој не знае како да се справи.
3. Прескокнува часови или се труди претерано
Без разлика дали детето лаже за да не оди на училиште (во случајов следи часови од дома) или пак спротивно, сака да оди на училиште (или да следи онлајн настава) дури и кога очигледно е настинато и болно, укажува на тоа дека во семејството му недостасува внимание, сигурност и доверба.
4. Се обидува да се вклопи во улога на возрасен
Прерано пораснатото дете не е шега или причина за пофалба. Тука се работи за обид да ја преземе контролата во свои раце, бидејќи нешто не му одговара. Секако, не значи дека е нешто лошо ако се случува одвреме-навреме, но ако го гледате ова постојано, поразговарајте со детето.
5. Малтретира други дечиња, вербално или физички
Уште еден знак со кој детето си побарува повеќе внимание од родителите.
6. Претерува во средувањето, чистењето и буквално секогаш е „под конец“
Ова е појава која повторно не е за „браво,“ туку притисокот и очекувањата на родителите кои биле превисоко поставени, се манифестираат во ваков облик. Секако, ова не се однесува на редовните навики, туку за прекумерна оптовареност со средување.
7. Одеднаш побарува константно внимание
Секое дете сака внимание, но сака и слободно време, на страна од родителот. Ако „преку ноќ“ детето почне да не се одлепува од вас, можеби е време да поразговарате со него или да се посоветувате со стручно лице.
8. Одбива да помине од некои места и улички
Ако одеднаш детето ја промени рутата на движење, големи се шансите дека било жртва на малтретирање од други дечиња кои ги сретнало на местата на кои вообичаено се движи или можеби нешто друго што довело до траума.
9. Промена во облеката која ја носи
Секако дека на периоди во животот сите сме имале фази кога сме пробувале различен тип на облека, но ако детето одеднаш ги избегнува светлите бои и се обидува да носи црно од глава до пети – големи се шансите да е жртва на насилство.
На овој начин се обидува да делува „поопасно“ или невидливо за противникот.
10. Често се жали на болки во стомакот и главата
Децата кои се под константен стрес, најчесто патат од вакви болки. Време е да испитате од каде потекнува стресот и во кои ситуации се јавуваат овие болки.
М. Д. | Црнобело