Како комбинацијата млеко и витамини може да влијае врз развојот на детето?

Витамините, минералите, протеините, сето тоа е неопходно потребно за развојот на детето. Го стимулираат растот и го поттикнуваат правилниот развој и воопшто напредокот на детето.

kako-kombinacijata-mleko-i-vitamini-mozhe-da-vlijae-vrz-razvojot-na-deteto01.jpg

Овие состојки помагаат и учествуваат во многу процеси во телото кои се поврзани со формирањето на коските, мускулната маса, забите но исто така го градат и зајакнуваат и имунитетот на детето. Потребите на младиот организам во развој се големи и треба да се следат со квалитетна и витаминска исхрана што ќе ги поттикне сите овие процеси.

Но, секогаш се поставува прашањето дали детето внесува доволно витамини и минерали, дали ги зема токму тие што му се потребни и дали неговиот раст и развој е доволно стимулиран. Како извори на витамини и минерали, свежите зеленчук и овошје се приоритет, но колку брокула, лимони, цвекло и слично детето може да изеде во еден ден за да ги прими потребните состојки. И колку децата се расположени за секојдневно јадење зеленчук и овошје во големи количини.

Се повеќе применуван начин за снабдување на детето со квалитетни и потребни количини витамини и минерали е консумирањето млечни производи со збогатен состав, како што е Битолско млеко со 10 витамини. Млеката се добар начин за внесување на потребните витамини и заради комбинацијата, односно влијанието на одредени витамини во сврзувањето на основните хранливи состојки во организмот, како што витаминот Д3 ја максимализира искористеноста на калциумот од млекото.

„Збогатување на млеко со витамини, особено тие кои се дефицитарни, е познат метод кој се практикува за да се обезбеди доволен внес на истите во детскиот организам. Исто така, малите деца често имаат периоди на ограничен внес на одредени храни. Млекото и јогуртот се производи кои децата ги сакаат и ги внесуваат без проблем за разлика од внесувањето на други хранителни групи како што е овошје и зеленчук. Оттука производи збогатени со витамини е еден начин за надополнување на потребите на организмот за одредени витамини. Секако родителите треба постојано да се трудат да обезбедат секојдневна разновидност во исхраната на детето”, вели педијатар имунолог д-р Катарина Ставриќ.

Исто така, млекото е потребно и заради калциумот со кој го снабдува организмот, а во спротивно доколку организмот нема доволно калциум за потребните процеси, го црпи од коските, кои како резултат на тоа може да ослабат. Затоа за сигурно и гарантирано снабдување на телото со потребните нутриенти, витамини, минерали, протеини, комбинацијата млеко со витамини е препорачлива а посебно е посакувана од децата во чоколадна варијанта, како што е Битолско чоколадно млеко со 10 витамини.

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg