Низ илустрации: Како да разговарате со вашето дете за „пристојни“ и „непристојни“ допири?
Кажете му да не крие ништо од вас
Неретко сексуалните предатори користат фрази како „Ова е тајна, не кажувај никому“. Доволно е детето да биде малку исплашено за да послуша и да не каже ништо.
Затоа, објаснете му дека секојпат кога ќе помисли дека некој го допира неучтиво, му покажува непристојни содржини и слично, тоа мора да ви каже. Дури и ако напаѓачот му рекол дека тоа е тајна. Односно, натерајте го да сфати дека не треба да чува тајни од вас.
Истовремено, ако вие не сте во близина, а детето се почувствува загрозено, кажете му да побара помош кај личност што ѝ верува како, на пример, наставник.
Кажете му дека има право да каже „Не“
За жал, многу често децата се жртви на луѓе кои ги познаваат, само затоа што им веруваат.
Кажете му на вашето дете дека непристојните допири се неприфатливи дури и од најблиските членови на семејството. Ако некој се обиде да го допре или му покажува непристојна содржина, кажете му на детето да извика „Не!“.
Охрабрете го да извика и да бара помош секогаш кога ќе се чувствува загрозено.
Натерајте го да ви наброи неколку луѓе на коишто им верува
Во моментите кога вие не сте покрај вашето дете, добро е да знаете дека покрај него има личност на којашто ѝ верува. Ако случајно детето се почувствува небезбедно, кажете му дека може да побара помош кај овие луѓе. Добро би било и вие да ги познавате овие личности.
Истовремено, нагласете му на детето дека ако не добие помош од една личност, нека ја побара кај друга и нека не се откажува.
Спирова С. | Црнобело