Ги фрла и крши играчките, не одговара на своето име: 10 знаци за загриженост кај деца на 18 месеци
Во повеќе наврати зборуваме за тоа што е правилно, или соодветно за да го совлада детето на одредена возраст.
Но, кои се оние црвени знаменца кои може да нè предупредат, дека треба да бидеме особено претпазливи и да посветиме повеќе време, или да побараме помош од стручни лица?
1. Детето несоодветно ги користи играчките. Наместо да си игра - ги фрла, ги удира, ги врти, ги крши.
2. Детето не имитира едноставни гестови или едноставни движења.
3. Детето постојано се врти во круг во собата чудејќи се. Не може да седне ни 1-2 минути, да се заигра само, или пак да игра со родителот.
4. Детето претпочита да си игра само цело време, игри како возење колички.
5. Не учествува во игрите, акција-реакција (кога го скокоткате или му се криете, па му правите „Ѕе“)
6. Детето не учествува во социјални активности, како подавање и давање на играчките, покажување на играчките, или пак да бара од родителите внимание и реакција на направена активност.
7. Детето прифаќа да си игра само со родителот и само од него бара помош во однос на поправање на играчка или додавање на играчка.
8. Не одговара на своето име и на прашањето „каде е мама?“, не се свртува кон мајката.
9. Не извршува едноставни наредби, како: „Дај ми ја коцката“.
10. Ужива да поминува време пред екран неограничено.
Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите на Инстаграм.
Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Прочитајте и: На тема: „Зошто моето дете сè уште не зборува?“ со логопедот Симона В. Николовска
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
фото: depositphotos.com