На тема: „Зошто моето дете сè уште не зборува?“ со логопедот Симона В. Николовска

Во последно време сè поголем е трeндот на децата кои подоцна прозборуваат. Од една страна, имаме родители кои се многу загрижени за развојот на своите деца, додека од друга страна се оние родители кои чекаат детето да наполни 3 или 4 години за само по себе да си прозбори, испуштајќи го значајниот период за стимулација на детето.

na-tema-zosto-moeto-dete-se-uste-ne-zboruva-so-logopedot-simona-v-nikolovska-01.jpg

Постојат бројни причини за доцнење во развојот на говорот кај децата, а на оваа тема ни пишува логопедот Симона Василеска Николовска.

Дел од нив се надминуваат сами по себе, а за другиот дел е потребна стручна помош.

Во основа, потребно е да се дознае зошто детето сè уште не зборува.

1. Генетскиот фактор.

Големи се шансите, доколку еден од родителите има/л потешкотии со развојот на говорот, и детето да има.

2. Слухот.

Не ретко се случува, слухот да се занемари при логопедските терапии и тие да не вродат со успех. Дете кое има оштетување на слухот, има потешкотии во развојот на говорните вештини. Затоа многу е важно на време да се детектира слушното оштетување, а со тоа навремено да се реагира како би можело детето да биде соодветно стимулирано и да го достигне нивото на своите врсници.

na-tema-zosto-moeto-dete-se-uste-ne-zboruva-so-logopedot-simona-v-nikolovska-02.jpg

3. Несоодветната стимулација.

Од една страна се родителите кои се поставуваат презаштитнички кон детето и ги извршуваат сите обврски на детето, не оставајќи му можност и потреба да го развие говорот, и од друга страна, родителите кои ги оставаат децата предолго без стимулација, игра и внимание.

4. Билингвизам.

Во семејствата каде се зборуваат два, неретко и три јазици, на детето му е потребно повеќе време за да ги "преработи" и да прозборува.

Тоа не значи дека детето се соочува со бавен развој на говорот или воопшто неговите говорни вештини не се развиваат, туку дечињата кои се во билингвална средина може да доцнат  3-4 месеци од она што е очекувано за појава на говорот.

na-tema-zosto-moeto-dete-se-uste-ne-zboruva-so-logopedot-simona-v-nikolovska-03.jpg

5. Говорен негативизам.

Иако овде е присутен психолошкиот момент, важно е да се знае, дека децата кои се под постојан притисок од родителите кои постојано бараат детето нешто да каже, создаваат негативни емоции кај децата, кои може да резултираат со говорен негативизам или одбивање на детето да зборува.

6. Менталното здравје.

Менталното здравје е од особена важност за развојот на говорните вештини кај децата.

За правилно да се стимулираат говорно-јазичните вештини кај децата кои покажуваат знаци на доцнење, го препорачувам „Среќичка – Водичот” кој има за цел низ природна стимулација и игра да го поттикне развојот на говорно-јазичните вештини.

Прочитајте повеќе на темата:  „Научете го детето прво да јаде само и да се облекува, а потоа да зборува англиски и забранете YouTube“ - интервју со Симона В. Николовска, логопед

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg