Наједноставниот начин за одвикнување на вашето дете од цуцла со логопедот Симона В. Николовска

Скоро и да нема родител кој не се соочил со предизвикот - откажување од цуцла.

najednostavniot-nachin-za-odviknuvanje-na-vasheto-dete-od-cucla-so-logopedot-simona-v-nikolovska-01.jpg

Секој родител ќе ви каже различни начини и техники со кои си помогнале и успешно ги откажале своите деца од цуцла.

Но, кога помислувате на овој процес, неизбежно е да се напомене дека, во почетокот, каков и да е начинот и техниката која ја применувате, потребно е Вие како родител да бидете цврсти во својата одлука и да бидете доследни.

najednostavniot-nachin-za-odviknuvanje-na-vasheto-dete-od-cucla-so-logopedot-simona-v-nikolovska-06.jpg

Доследноста и упорноста, секогаш вродуваат со плод.

Кога се одлучувате на овој чекор, како и кај секоја друга промена, најважно е со детето да разговарате.

Во почетокот почнете да му зборувате на детето, дека е време да ја фрлите цуцлата, бидејќи тоа е веќе големо и не му е потребна. Во прво време, само разговарајте, подготвувајте  го детето на чекорот кој планирате да го превземете. Бидете цврсти и одлучни и не барајте од детето да се согласи со Вашиот став.

najednostavniot-nachin-za-odviknuvanje-na-vasheto-dete-od-cucla-so-logopedot-simona-v-nikolovska-03.jpg

При ваквите промени, на децата им се потребни физичка емоционална и психолошка поддршка.

Другиот ден, повторете го кажаното од утре, 2 -3 пати во денот, повторно бидете цврсти во исказот, но со доволно емпатија кон детето.

najednostavniot-nachin-za-odviknuvanje-na-vasheto-dete-od-cucla-so-logopedot-simona-v-nikolovska-05.jpg

Третиот ден, најдете ситуација во која детето ќе биде расположено и заиграно и побарајте од него да ја тргне и фрли цуцлата.  Соберете ги заедно цуцлите и направете интересна приказна со нив, на пример, како ги давате на бебиња кои немаат цуцла или ги давате од нив да се направат нови играчки итн. Може да се соочите со одбивање од страна на детето, но бидете цврсти и не се откажувајте од намерата.

Важно е да бидете смирени, истрајни и да ги користите ситуациите каде нема стрес, детето не е вознемирено и е среќно.

najednostavniot-nachin-za-odviknuvanje-na-vasheto-dete-od-cucla-so-logopedot-simona-v-nikolovska-02.jpg

Разговарајте со детето, но експертите велат:  не претерувајте со објаснувањата.

Каков и начин да одберете за тргнување на цуцлата, едно е сигурно: ќе има плачки и непреспани ноќи.

najednostavniot-nachin-za-odviknuvanje-na-vasheto-dete-od-cucla-so-logopedot-simona-v-nikolovska-04.jpg

Единствено од Вас зависи колку ќе бидете истрајни, упорни и доследни во одлуката.

Плачењето е 3-5 ноќи, а доброто што ќе му  го направите на детето, е за неговиот цел живот.

Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите на Инстаграм. Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитајте и Моето дете пелтечи, постојат ли вежби со кои може да му помогнам? - совети од логопед Симона В. Николовска

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Фрази кои не треба да им ги кажувате на децата-тинејџери „Разочаран/а сум од тебе“ - Да се слушне ова е многу полошо отколку родителот да...
Едукативно видео: Што да прави вашето дете кога мисли дека некој го следи? Јутјуберка од Србија со ќерка ѝ направила едукативно видео во кое покажува како ...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg