Фото приказна – доказ како времето лета: Татко и ќерка прават исти фотки веќе 40 години
Секој родител ќе ви каже колку брзо растат децата. Во еден момент си играат надвор со другарчињата, а веќе следниот се подготвуваат да си заминат од дома.
Поради ова, родителите навистина го ценат секој скапоцен миг со нивните малечки, а неретко бараат и начин да ги овековечат овие моменти.
Токму тоа сакал да го направи Хуа Јинкинг со неговата ќерка Хуа Хуа.
Тој се фотографирал со ќерка му во една кинеска провинција во 1980-та и продолжил да го прави тоа цели 40 години, а резултатот е неверојатен.
Хуа направил времеплов од фотографии, на кои се гледа растењето на неговата ќерка. Од година во година можеби не се забележуваат разлики помеѓу фотографиите, но јасно е дека се променило многу.
Погледнете го креативниот проект на гордиот татко - можеби и вие ќе се инспирирате да направите нешто слично.