„Ми се плеткаше наоколу цел ден. А, моево трпениe, за никаде.“ - моќна порака од една мајка
Ми се плеткаше наоколу цел ден. А, моево трпениe, за никаде. Додека редев алишта во плакарот, ти ми ги вадеше.
Брзав да ги измијам садовите додека спие сестра ти, а во меѓувреме ти ми истури вода на плочките од твоето шише.
Морав да пуштам уште една машина затоа што додека ги вадев алиштата ти ми ги влечеше низ цела куќа и ја избриша цела прашина од подот.
Се сопнав на џогерот кој ми го имаше оставено на сред соба – знам, ти фрлив убиствен поглед.
Како што спомнав, ми се плеткаше наоколу цел ден.
А, јас? Јас бев премногу зафатена за да сфатам дека ти само сакаше да ми помогнеш.
Сега, кога ќе размислам подобро, ти секогаш сакаш да ми помогнеш и да те вклучам во моите активности.
Гледаш во мене со твоите крупни сини очи и само сакаш да ти бидам благодарна што сакаш да ми олесниш.
За жал, честопати знам да ти кажам: „Те молам оди играј си во твојата соба за мама да заврши работа“.
И тогаш твоите сини очиња гледаат во подот и си заминуваат од мене.
Ох, мило мое. Жал ми, навистина. Прости ми.
За секогаш кога не забележувам кои се твоите вистински намери.
За секогаш кога заборавам дека сакаш да учиш.
За секогаш кога не забележувам дека и покрај тоа што ми стоиш на патот, едноставно сакаш да ми помогнеш.
Додека ти растеш и ги учиш сите вештини кои ќе ти бидат потребни понатаму во животот, на мајка ти добро би ѝ дошле лекции за трпение, благодарност и разбирање.
Треба да научам да ви кажам колку ве ценам и колку многу ми значите.
Никогаш не сакам да имате впечаток дека имам поважни работи од вас, вие сте ми најважното нешто на светот.
Мислев дека ти ми стоиш на патот денес, но, всушност, јас бев таа која што си пречеше...