7 работи кои децата ќе ги паметат кога ќе пораснат

На кои работи вие се сеќавате од детството? На новогодишниот подарок од ’88-ма или во мислите имате фрагменти од домашната атмосфера, училишната претстава, каде одевте на летување, колку зборувавте со родителите...

7-raboti-koi-decata-ke-gi-pametat-koga-ke-porasnat-001.jpg

Подобро е да се фокусирате на следните 7 работи кои децата ќе ги паметат за цел живот:

1. Искуствата и авантурите кои сте ги поминале заедно

Преферирајте да платите поскапо за некоја авантура или одмор, отколку за најновата играчка. Детето нема да се сеќава колку топки сладолед сте му купиле, туку дека сте поминале цел ден заедно.

2. Позитивните зборови кои сте му ги упатиле

Многу е полесно да се запаметат тешките зборови, тоа е факт. Не му давајте на детето тежина која ќе ја носи цел живот. Дајте му комплименти и јавно кажете колку сте горди на него. Секогаш во фокусот ставајте го она што го прави добро.

3. Сите пати кога го оставивте телефонот и му се посветивте на него/неа

Престанете да ги гледате децата низ телефонот. Бидете присутни, тоа е повеќе од доволно.

4. Како сте се однесувале во тешките ситуации

Односно, дали сте го заштитиле кога мислел дека цел свет е против него и дали сте му ги ублажиле или влошиле несигурностите.

5. Начинот на кој родителите ги третираат другите возрасни луѓе

Децата учат од вас. Тоа важи и во моментите кога озборувате некого зад грб, кога не ги почитувате повозрасните, кога ги потценувате туѓите успеси...

6. Кога не сте биле тука за него

Иако ова на прв поглед изгледа негативно, понекогаш е и добра работа, бидејќи така детето го учите на самостојност. Научете го да се потпира на себе, а не на другите, дури и ако тоа значи на вас.

7. Како сте се однесувале под притисок или стрес

Животот не е секогаш шарен, и не може да биде, но вашите деца ќе го имитираат вашето однесување кога се под стрес. Ако сте тип на човек кој лесно попушта под стрес, децата тоа го забележуваат.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg