Бебиња во колички спијат сами пред ресторани во Скандинавските земји - така се растат здрави деца
Можете ли да замислите сцена каде во нашава земја децата би ги оставиле во количка пред кафуле, ресторан или продавница сами?
Прошетајте во било кое доба низ Копенхаген и со сигурност ќе видите безброј бебешки колички по тротоарите. Погледнете во нив и ќе видите дека не се празни – бебињата си спијат во нив. Ова е типична слика во Скандинавските земји. Норвежаните се колнат дека ова има здравствени предности за децата.
Веројатно прво на ум ви паѓа киднапирање. Во Данска во последните 30 години забележани се само 3 случаи.
Нормално, повеќето од родители имаат монитор во количката или не се премногу оддалечени.
Но, минусните температури не ги спречуваат родителите да ги остават децата надвор. Ќе ги замотаат во ќебе и толку. Швеѓаните имаат изрека „Не постои лошо време, само лоша и несоодветна облека.“
Доселениците првично се во шок со оваа навика, но подоцна се прилагодуваат на истата.
Кои се најчесто коментарите на родителите:
„Да, ги оставаме децата да спијат пред ресторани од овие причини“:
- Сите го прават тоа.
- Во повеќето ресторани и кафулиња нема простор за колички.
- Во Данска е прилично безбедно.
- Минувачите ќе ве предупредат ако детето плаче, а секогаш можете да оставите и монитор во количката.
- Бебињата спијат поцврсто и подобро надвор заради природните звуци и свежиот воздух.
- Децата често се оставаат да спијат надвор и во градинките и дома во дворовите.
- Немојте да мислите дека ако родителите не се покрај количката, не го следат будно бебето.
Мајка на три деца од Данска вели:
„Многу е важно децата да бидат на свеж воздух колку е можно повеќе. Кога температурата е под -15 степени Целзиусови, ставаме дополнително ќебе. Важно е и во зима децата да се надвор, така се поздрави и спијат подобро“ – вели Лиса Мардон.
Тешко би ја прифатиле оваа пракса кај нас, нели?
Е. П. | Црнобело