Карантинот не ги спречува: Татко ги „вози“ ќерките на жичница, а тие скијаат во двор (видео)
Овој креативен татко нашол начин како да им ја овозможи желбата за скијање на ќерките, па направил импровизирана жичница и ски стаза во дворот.
Секако дека не сите се вешти да направат нешто вакво во дворот, но дефинитивно нема оправдување за родителите кои велат дека немаат веќе со што да си играат со децата.
Домашниот карантин за многумина не е воопшто лесен, посебно за родителите со мали деца. Но, ако сте малку креативни и сакате времето да им го посветите на децата, ќе најдете начин да ви биде интересно овој период од дома.
Минатиот викенд, ова семејство го прославувало Велигден од дома, па таткото ја покажал својата креативност, но и вештини, и им го направил забавно времето на ќерките.
Изгледа тие се љубители на скијање, па тој направил импровизирана жичница и ски стаза за неговите девојчиња.
Погледнете како изгледа резултатот:
М. М. | Црнобело