10 Instagram профили со едукативни и креативни активности за вашите деца

Деновиве сите деца го поминуваат нивното време дома, па нормално е да им стане здодевно. За многу родители, пак, ова може да биде вистински предизвик.

10-instagram-profili-so-kreativni-i-edukativni-aktivnosti-za-vashite-deca-01.jpg

Веројатно не сте секогаш расположени да смислувате забавни игри за вашето дете, но интернетот може да ви помогне.

Во продолжение погледнете неколку интересни Instagram профили кои нудат бројни едукативни и креативни активности што ќе го исполнат времето на вашите деца:

@thedadlabthedadlab

Сергеј Урбан е татко од Лондон кој го води овој профил. Овде ќе најдете научни експерименти за деца и многу уметнички проекти.

10-instagram-profili-so-kreativni-i-edukativni-aktivnosti-za-vashite-deca-02.jpg

@busytoddler

Овој профил го води Сузи Алисон која е поранешна наставничка. Таа се фокусира на писменоста и математиката, а активностите што ги предлага се погодни за деца до 7-годишна возраст.

10-instagram-profili-so-kreativni-i-edukativni-aktivnosti-za-vashite-deca-03.jpg

@teaching2and3yearolds

Воспитувачката Шерил Купер нуди многу забавни и шарени проекти за деца на возраст од 2-3 години. Таа ќе ви помогне да направите секакви проекти со вашето дете, користејќи ги само предметите и продуктите што ги има во речиси секој дом.

10-instagram-profili-so-kreativni-i-edukativni-aktivnosti-za-vashite-deca-04.jpg

@iheartcraftythings

Овој профил го води дизајнер и овде ќе најдете многу интересни проекти со хартија.

10-instagram-profili-so-kreativni-i-edukativni-aktivnosti-za-vashite-deca-05.jpg

@blastasticday

Жената што го води профилот се вика Карла и е мајка на мало момче. На нејзиниот профил има многу проекти инспирирани од познати уметнички дела, а најчесто користи материјали како хартиени кеси, конец и картон од тоалетна хартија.

10-instagram-profili-so-kreativni-i-edukativni-aktivnosti-za-vashite-deca-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg