Секојдневни грешки кои ги прават родителите, а се опасни за децата во лето
Им облекувате бела облека во жештини
Иако сите бегаат од црната облека во лето бидејќи ја апсорбира топлината од сонцето, сепак, во топлите денови многумина препорачуваат да се даде предност на темните нијанси, бидејќи ја штитат кожата од штетните ултравиолетови зраци подобро од белата.
Им дозволувате да носат детски очила
Иако за многумина е лудост да им купуваат на децата квалитетни очила за сонце и им дозволуваат само смешни, детски очила, можеби треба да размислите.
Очите исто така се изложени на штетните зраци од сонцето, па ако сакате навистина да го заштитите детето, одберете модели со 100% UVA и UVB заштита.
Ја покривате количката за да не ги изложите на сонце
Многу родители ја прават истата грешка во лето – ги покриваат количките на бебињата, за да не ги изложуваат на сонце.
Сепак, иако намерата им е најдобра, всушност ги ставаат во поголема опасност, бидејќи според спроведен експеримент, така количката многу побрзо се загрева и за само неколку минути, температурата станува многу повисока, дури и со најтенкиот материјал, што не е воопшто добро за детето.
Го бањате детето со слатки ароматични ноти
Иако мирисаат прекрасно, сепак шампоните и кремите со мирис на благи и овошни ноти треба да ги избегнувате во лето, бидејќи така детето ќе привлекува повеќе инсекти како пчели и оси. Во лето, преферирајте неутрални шампони без мирис.
Ги оставате сами да си играат во вода со големи гуми и душеци
Децата на плажа не можат да одолеат на гумите и душеците во различни форми, но иако се забавни за нив, сепак не треба да ги оставите сами во вода со нив.
Децата лесно може да се превртат и да останат под вода со душекот над нив и да не можат да се вратат на површината, па секогаш бидете покрај нив.
Ги мачкате со крем за сончање на плажа
Иако кремот за сончање е задолжителна, сепак не треба да ја мачкате на децата на плажа и веднаш да ги пуштите голи, изложени на сонце.
Кремот за сончање треба да се нанесе на кожата барем 15 минути пред изложување на сонце за да може да се впие и подобро да штити, па практикувајте го ова пред излегување.
Безгрижно ги оставате децата да си играат на игралиште
Многу често се случува родителите да ги однесат децата на игралиште и веднаш да ги пуштат да си играат сами, а тие да седнат на клупа.
Иако не треба да им висите над глава, сепак пред да ги пуштите, проверете го „теренот“ бидејќи иако е простор за деца, многупати може да се најдат непосакувани предмети, како искршено стакло и слично.
M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com