Работи кои не треба да ги подарувате за новородено бебе, иако мислите дека се кул

Во нашата земја, нормално е кога ќе се роди бебе, да се подари нешто симболично.

raboti-koi-ne-treba-da-gi-podaruvate-za-novorodeno-bebe-iako-mislite-deka-se-kul-01.jpg

Но, при подарувањето мора да размислите дали вашиот избор е добар за новороденче.

Не е доволно само да се отсрамите со било што, без притоа да размислите што сте направиле.

За некои работи, родителите сами одлучуваат дали сакаат да ги направат или имаат, а за она што ќе го поседуваат, веројатно и сами сакаат да одлучат кој тип, бренд и слично.

Родители споделуваат што не сакаат да добијат за подарок кога ќе добијат бебе.

Секако, не треба строго да се водите според ова, само имајте го на ум, а на крај, одлуката е ваша и секако зависи од вашата блискост со родителите.

Фотосесија во болница веднаш по излегување

raboti-koi-ne-treba-da-gi-podaruvate-za-novorodeno-bebe-iako-mislite-deka-se-kul-02.jpg

Пелени (тоа е лична работа и родителите одлучуваат какви сакаат да користат), освен ако не го побараат тоа

raboti-koi-ne-treba-da-gi-podaruvate-za-novorodeno-bebe-iako-mislite-deka-se-kul-03.jpg

Искористени и носени работи

raboti-koi-ne-treba-da-gi-podaruvate-za-novorodeno-bebe-iako-mislite-deka-se-kul-04.jpg

Играчки кои уште не можат да ги сфатат ниту да ги користат

raboti-koi-ne-treba-da-gi-podaruvate-za-novorodeno-bebe-iako-mislite-deka-se-kul-05.jpg

raboti-koi-ne-treba-da-gi-podaruvate-za-novorodeno-bebe-iako-mislite-deka-se-kul-06.jpg

Книгите исто така чувајте ги за понатаму кога ќе почнат да разбираат

raboti-koi-ne-treba-da-gi-podaruvate-za-novorodeno-bebe-iako-mislite-deka-se-kul-07.jpg

Козметика за бебе (исто така е лична работа на родителите)

raboti-koi-ne-treba-da-gi-podaruvate-za-novorodeno-bebe-iako-mislite-deka-se-kul-08.jpg

Тогаш, што да подарите?

За почеток, најдобро е да им дадете симболична сума на пари на родителите, бидејќи секако тие ќе имаат многу трошоци и најдобро е сами да одлучат како ќе ги организираат, наместо да им се трупаат непотребни работи.

Исто така, доколку сте доволно блиски, може да ги прашате што им е потребно (од типот – седиште, пумпа за доење, креветче и сл.) и да им помогнете со тоа, но само доколку е однапред договорено, бидејќи повторно, сите овие работи се нивна лична одлука и не треба да им ги наметнувате.

raboti-koi-ne-treba-da-gi-podaruvate-za-novorodeno-bebe-iako-mislite-deka-se-kul-09.jpg

M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg