10 неочекувани грешки во воспитувањето, што ги прават прегрижливите мајки
„Ако моето дете сака да практикува некоја „опасна“ активност, јас нема да му дозволам.“
Верувате дека светот е полн со опасности за вашето дете и му дозволувате да се занимава само со предвидливи и сигурни активности, а заборавате дека никогаш не можете да го предвидите развојот на настаните.
„Ако моето дете сака да најде работа, јас ќе му пронајдам соодветна работа.“
Сакате да го заштитите детето од лоши шефови и разочарувања на работното место и за него ја наоѓате најбезбедната опција. Ризикувате од него да направите зависна индивидуа која нема да ги надградува сопствените интереси и нема да се снајде сама во иднина.
„Јас, како родител, мора да го заштитам детето од сите опасности.“
Детето мора да се движи само на одредени места, да биде изолирано од луѓето и да верува дека животот е бајка. Упс, а што кога реалноста ќе затропа на вратата?
„Јас контролирам што смее моето дете да гледа, да слуша, а и му ги проверувам пријателите.“
Роднините и пријателите се шегуваат со вас дека би биле одличен шпион. Ова не е причина за гордост. Не смеете да имате тотална контрола над детето, туку мора да изградите однос на доверба.
„Кога детето ќе ми дипломира, посакувам уште долго, долгоо да остане да живее со мене.“
Среќни сте за новото поглавје од неговиот живот, но и анксиозни околу тоа ако се отсели од кај вас како ќе се грижи за себе. Самата помисла дека повеќе нема да се консултира постојано со вас, туку ќе има сопруг/а за тоа ве ежи. Дозволете му да има свој живот со свои правила.
С. С. | Црнобело