10 неочекувани грешки во воспитувањето, што ги прават прегрижливите мајки
„Кога детето има слободно време, се грижам и се трудам соодветно да му го исполнам.“ - Не смеете да ја организирате секоја минута од неговиот живот, затоа што така нема да израсне во независна личност.
Да се плашите за добросостојбата на вашето дете е нормална работа, но да претерувате со тоа и да одите во крајности не е препорачливо.
Преголемата грижа за вашето дете ќе има негативни ефекти.
Неочекувани грешки во воспитувањето, што ги прават прегрижливите мајки:
„Ако детето се извалка малку пред да пристигнат гостите, го пресоблекувам веднаш.“
Нездравата желба да бидете совршена мајка може да го расипе чувството на хармонија во вашиот дом и да внесе непотребно негативна енергија и притисок врз детето.
„Ако детето потфрли во нешто, јас секогаш му помагам со тоа.“
Ова однесување ја намалува снаодливоста на вашето дете и тоа во животот тешко ќе се справува со пречките во животот.
„Кога детето има слободно време, се грижам и се трудам соодветно да му го исполнам.“
Не смеете да ја организирате секоја минута од неговиот живот, затоа што така нема да израсне во независна личност со свои интереси во животот. Оставете му простор да носи одлуки.
„Ако детето оди некаде со пријателите, сакам детален извештај.“
Пред да излезе мора да ви ги каже телефонските броеви на сите пријатели, точната маршрута по која ќе се движат, а ги барате и нивните адреси. На овој начин голем е ризикот да направите вашето дете да биде задевано на училиште затоа што 24/7 е под инструкциите од својата мајка.
„Кога детето е тажно, чувствувам јас сум одговорна и дека тоа е моја вина.“
И едновремено комплетно заборавате на својот живот, па сте иритирани, под константен стрес, ненаспани. Не одвојувајќи време за грижа за себеси и со тоа вие самите станувате лошо друштво за вашето дете.