Зошто треба да ги учите децата на вистинските имиња на интимните делови од телото?
Нема ограничување на тоа кога родителите треба отворено да зборуваат со децата за интимните делови од телото. Тоа е основна лекција за спознавањето.
Отворените разговори ги прават децата свесни за своите тела и за заштитата на интимното здравје. Многу родители ги цензурираат вистинските термини на интимните делови од телото, давајќи им прекари за кои мислат дека се соодветни за возраста. Но, со тоа прават грешка.
Користете соодветни термини
Исто како што можете да кажете „прсти“, „раце“, „нозе“, би требало отворено да кажете и „тестиси“, „вагина“ или „дојки“.
На овој начин освен што ги учат соодветните изрази на јазикот кој го зборуваат, умеат и да ги користат зборовите во соодветен контекст, но и стануваат свесни за своето тело.
Исто така, ако имаат болки или иритации, ќе можат полесно да објаснат на лекарот или на воспитувачите во градинка.
Ако избегнувате да ги кажувате овие зборови, наметнувате чувство на срам и дека нешто треба да биде скриено и цензурирано. Исто така, правилните зборови се клучни за децата да можат да бидат свесни за себе, за соодветната хигиена и за здравјето.
Избегнувајте детинести прекари
Ако кај вас по дома мислите дека се слатки и интересни детинестите прекари за интимните делови, во друга прилика тоа може да биде дрско и навредливо.
Учете ги за човековата анатомија, но и за тоа дека треба да пријават доколку некој непристојно ги допира. Појаснете им и дека тие делови од телото заслужуваат почит и дека не служат за играње или за потсмевање.
Во целиот овој процес можете и да вклучите едукативни детски книги и сликовници.
Е. Д. | Црнобело