„Моето дете е во болница затоа што го малтретираа соучениците, а училиштето не презеде мерки“

„Ова е моето дете кое престана да јаде, плаче во сон, има толку сериозна анксиозност што повраќа постојано. Ова е мојата 6-годишна ќерка, во болница, поради малтретирање.“

moeto-dete-e-vo-bolnica-zatoa-shto-go-maltretiraa-souchenicite-a-uchilishteto-ne-prezede-merki-01.jpg

Кери Голиџ од Велика Британија е мајка на 6-годишно девојче кое било малтретирано на училиште од страна на соучениците.

Откако нејзината ќерка Софија страдала со месеци и завршила во болница, а нејзиното училиште не ѝ дало никаква поддршка Кери проговори јавно за проблемот на малтретирање во училиштата кои го имаат многу деца ширум светот.

Потоа го отвори дури и Фејсбук профил Stand with Sophia со кој сака да ја поткрене јавната свест на оваа тема и на кој им се заблагодарува за сите за поддршката што ја добила.

Исповедта на Кери:

Еве што прави малтретирањето...

Ова е мојата 6-годишна ќерка, во болница, поради малтретирање.

Ова е моето дете со нежно срце, на кое и покрај тоа што му е толку лошо не сака никој да биде во неволја.

Ова е моето дете кое престана да јаде, плаче во сон, има толку сериозна анксиозност што повраќаше повеќе од 20 пати во час минатата ноќ.

Ова е моето дете чиј „најдобар пријател“ емоционално ја злоупотребувал долго, затоа што таа мислела дека тоа е нормално.

Ова е моето дете кое оди во болница безброј пати поради тоа што му е лошо од огромната вознемиреност.

Ова е моето дете кое е обвинето дека измислувало „приказни во училиште“.

Ова е моето дете кое е исмевано на социјалните мрежи од страна на родителите на децата што ја малтретираат.

Ова е моето дете за кое на училиште ни кажаа дека „6-годишните деца само се однесуваат како 6-годишни деца“.

Ова е моето дете на кое на училиште му кажаа дека треба да се срами и да влегува од задна врата наутро.

Ова е моето дете за кое училиштето потфрли толку многу што моравме да ја префрлиме во ново училиште.

Ова е моето дете кое е едно од многуте кои минуваат низ ова.

Ова е моето дете чија приказна беше извртена со манипулации од луѓето кои требаше да ја заштитат во нејзиното училиште кога беше под нивна одговорност.

Ова е моето дете кое не сака ова да му се случи на никој друг. Затоа ја споделувам приказната на моето дете, но знајте дека таа е една од многуте... од многуте!“

СТОП за малтретирањето во училиштата, порача Кери.

UPDATE: THANK YOU TO EVERYONE WHO HAS REACHED OUT. CHECK THE COMMENTS WE HAVE A PAGE AND WOULD LOVE TO SHARE SUPPORT...

Posted by Carrie Golledge on Monday, October 29, 2018

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
Едукативно видео: Што да прави вашето дете кога мисли дека некој го следи? Јутјуберка од Србија со ќерка ѝ направила едукативно видео во кое покажува како ...
Што да направите ако друг возрасен (јавно) го критикува и навредува вашето дете? Покажете дека сте присутни, но потрудете се да не влегувате веднаш во расправија...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg