Работи кои мора да ги знаете за наставниците на вашите деца и однесувањето во училиште
Школската година може да биде стресна како за децата, така и за родителите, посебно кога се работи за помали деца.
Затоа, независно дали детето учи или не, треба секогаш да се појавувате редовно на родителските средби, да разговарате со детето за учењето, часовите и наставниците, како и да разменувате информации со другите родители.
Освен што треба да го слесите учењето на вашето дете, мора да знаете и како наставниците се однесуваат со нив и дали средината е добра за децата.
Во продолжение, нудиме неколку прашања кои ќе ви помогнат да сфатите дали наставникот е добар за вашето дете:
Дали наставникот фаворизира ученици?
Бирањето на омилени ученици и нивното форсирање е многу неправилно, бидејќи влијае негативно на останатите, чиј перформанс се намалува.
Дали наставникот го споредува детето со други ученици?
Споредувањето на учениците еден со друг не е воопшто педагошки, но уште полошо може да биде кога децата ги споредуваат со постариот брат/сестра.
Со фрази дека нивниот брат/сестра бил подобар ученик, го потценуваат детето, не го мотивираат и предизвикуваат контра ефект со намалување самодоверба.
Кој начин го преферира наставникот за решавање конфликти?
Конфликтите помеѓу учениците се неизбежни, но важно е да се реагира на време. Секоја ситуација е уникатна и за секој ученик треба да се има посебен пристап.
Недозволиво е наставникот да зазема страни, да суди јавно или да создава уште поголем конфликт.
Дали наставникот јавно ги казнува децата?
Наставникот нема право пред сите да го казнува или исмејува детето, бидејќи така другите деца си земаат сила и може да се однесуваат лошо со детето.
Што кажуваат другите родители за наставникот?
Направете мини истражување и соберете информации за наставникот од останатите родители на децата во класот, дознајте ги методите на предавање и начинот на однесување кон секое од нив.
М. М. | Црнобело