Нова мета на критики: Мајка ја офарба косата на својата 2-годишна ќерка
Колку далеку сте подготвени да одите за да го усреќите вашето дете?
Понекогаш, децата бараат и сакаат работи за кои едноставно се премлади, а вие како родител, сте тука да им го кажете тоа.
Сепак, една мајка решила да ѝ ја исполни желбата на нејзината 2-годишна ќерка да има розова коса и затоа сега е мета на критики.
2-годишното девојче Фелисити веќе е Инстаграм ѕвезда благодарение на уникатниот имиџ зад кој стои нејзината мајка, но има и огромен број негативни критики и осудувања.
Мајката нагласи дека се работи за безбедна, природна боја која ќе падне после 3-4 дена, но тоа не ги спречи вербалните напади во коментари.
Какво е вашето мислење на оваа тема?
Дали по секоја цена вреди да се исполнат детските каприци?
М. Д. | Црнобело