Значајни ситници кои можете да ги правите за родителите ако живеете далеку од нив

Кога бевте дете, сè беше толку лесно и безгрижно, бидејќи за вас мислеа родителите. Но, сега пораснавте, а животот можеби ве однесе далеку од семејниот дом.

-znachajni-sitnici-koi-mozhete-da-gi-pravite-za-roditelite-ako-zhiveete-daleku-od-niv-01.jpg

Во прв момент ви се чинеше дека е супер тоа што конечно сте самостојни од нив, но по некоја година повторно сакате да поминувате што повеќе време заедно.

Обврските можеби ќе ве спречат во тоа, но секогаш постојат начини да им покажете дека ги сакате, па дури и да направите нешто за нив, иако тие никогаш нема да направат да се чувствувате како да им должите нешто.

Сепак, многу е едноставно да направите неколку убави работи за нив, дури и ако сте оддалечени со километри:

Јавувајте им се

Не чекајте тие да ви се јават. Тоа се луѓето кои најмногу ги сакате и на подолг план, вашите повици се знак за грижа. И вие им недостасувате нив, а и секогаш е добро да знаете дека токму дома е засолништето по секоја бура.

Не правете тие да се чувствуваат како да не ви е грижа за нив, дури и ако се забавувате или постојано сте со пријателите.

znachajni-sitnici-koi-mozhete-da-gi-pravite-za-roditelite-ako-zhiveete-daleku-od-niv-02.jpg

Испратете им нешто зготвено од вас

Иако тие често ви испраќаат домашна храна, изненадете ги и направете го тоа наместо нив. Испечете колачиња или подгответе некои кифлички и однесете им ги, а ако живеете во друг град, испратете им нешто по некој близок.

Навистина ќе ги изненади и што конечно умеете сами да си направите храна, но и што сте се сетиле на нив.

znachajni-sitnici-koi-mozhete-da-gi-pravite-za-roditelite-ako-zhiveete-daleku-od-niv-04.jpg

Направете сентиментален фото-албум

Во денешното време сè помалку ги цениме реалните фотографии. Но, можете да ги изненадите своите родители со подарок направен специјално за нив.

Соберете ги на едно место омилените фотографии од детството и развијте некои понови. Тоа навистина ќе им значи, а и ќе имаат што да им покажат на пријателите кои им доаѓаат на гости.

Гледајте го нивното омилено ТВ шоу

Бидете во тек со нивната омилена програма, исто како да сте дома. Тоа ќе ви создаде чувство како да сте повторно во вашата дневна соба, а во исто време ќе ви обезбеди и постојани теми за разговор со нив.

Поканете ги кај вас и прошетајте ги

Ако се преселивте во град во кој никогаш не биле или пак, го посетиле многу одамна, поканете ги да дојдат и посветете им што повеќе време.

Покажете им ги вашите омилени нови места и запознајте ги со знаменитостите. Дури и ако живеете во ист град, но подалечна населба, канете ги почесто на гости и шетајте во вашето маало.

znachajni-sitnici-koi-mozhete-da-gi-pravite-za-roditelite-ako-zhiveete-daleku-od-niv-05.jpg

Планирајте ги и празниците

Домашните слави, Божик, Велигден, сите тие се празници за семејството. Родителите ќе ве разберат секогаш кога нема да можете да стигнете, но уште повеќе ќе се радуваат ако дојдете за значајните празници во вашето семејство.

znachajni-sitnici-koi-mozhete-da-gi-pravite-za-roditelite-ako-zhiveete-daleku-od-niv-03.jpg

Е. Д. | Црнобело фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg