Нов хит кај богатите: Дадилки што ги „учат“ бебињата да спијат во текот на ноќта
Замислете дека сте тазе породени, а можете да спиете мирно во текот на целата ноќ? Богатите на Менхетн сега го имаат тоа.
Богатите семејства на Менхетн периодов имаат нов хит. Интензивно ангажираат дадилки што ги учат нивните деца да спијат во текот на ноќта.
Покрај дадилките што се ангажирани околу грижата за нивните деца во текот на денот, тие плаќаат повеќе од кога било за нивните бебиња да бидат згрижени и во текот на ноќта. Една 20-годишна девојка откри дека заработува по 135 долари за 24 часовна грижа за бебе.
Некои заработуваат дури и до 800 долари за 24 часа, но ова не е лесна работа. Некои од овие дадилки работат по 22 часа на ден во текот на првите 3, 4 седмици по раѓањето на бебето, без да користат слободен ден. Тие всушност како да им се мајки на бебињата.
„Се заработува многу од оваа работа. Ангажирана сум до наредната година. Но, едвај спијам по 2 часа навечер“, изјави една 20-годишна дадилка за американските медиуми.
„Брзо развивам значајни врски со семејствата каде работам, затоа што тие се емотивни во периодот по добивањето на бебето, плус мајката што дои постојано е изложена пред мене, па наеднаш имаме некоја интимност и доверба.
Сепак, оваа работа е коцка затоа што сè додека не влезете во некое семејство не знаете што им се случува зад затворени врати и тоа понекогаш може негативно да ве изненади. Некои бараат од мене и да им чистам и да им готвам. Тогаш останувам само 2 дена и си ги пакувам куферите.“, вели дадилката која најчесто ја ангажираат луѓе кои имаат големи компании и кариери на поле финансии и технолошки напредок и на кои посветеноста кон работата им е есенцијална за успехот.
С. С. | Црнобело