Научете ги децата како да ги разликуваат лажните од вистинските пријатели
На ниту еден родител не му е лесно да гледа како други деца го искористуваат и злоупотребуваат нивното. Затоа, потребно е да им се објаснат главните разлики меѓу лажните и вистинските пријатели.
Во секој пријателски однос некогаш доаѓа до кавга или недоразбирање.
Со некои од тие луѓе остануваме пријатели и кога сме возрасни, а некои остануваат во минатото.
Секој родител на своето дете е должен да му ги објасни разликите меѓу вистинските и токсичните пријатели, за да го поштеди од нервози и разочарувања несоодветни на неговите години.
Иако тоа може да биде тешка задача, ви даваме неколку предлози како да почнете:
Вистинските пријатели те бараат кога им недостигаш и сакаат да споделат нешто убаво.
Лажните пријатели те бараат ако им треба нешто од тебе.
Вистинските пријатели разбираат дека некогаш ти треба време само за себе.
Лажните и токсичните пријатели го узурпираат твоето време без оглед на твоите чувства и потреби.
Вистинските пријатели се радуваат на секој твој успех заедно со тебе.
Лажните пријатели се љубоморни и почнуваат да те саботираат кога си поуспешен од нив.
Вистинските пријатели го почитуваат тоа што имаш и други пријатели и се пристојни кон нив.
Лажните и токсични пријатели ги мразат вашите други пријатели и се дрски кон нив.
Вистинските пријатели ќе ти ја кажат вистината во лице.
Лажните пријатели ќе те озборуваат.
Вистинските пријатели се свесни дека може да имате различни мислења и ставови.
Токсичните пријатели ќе се обидат или да го наметнат своето мислење или да го изедначат со вашето.
Вистинските пријатели внимателно те слушаат и ќе поставуваат прашања за подобро да ја разберат ситуацијата.
Токсичните пријатели само ќе глумат дека те слушаат и ќе ти речат дека ти најдобро си знаеш за себе.
Вистинските пријатели се со тебе и кога ти е тешко.
Лажните пријатели во тие моменти ги нема никаде.
Е. Д. | Црнобело