10 работи кои ќе ги сфатите како што расте вашето помало братче

Тој секогаш ќе ве чува

Ова е прилично интересно, иако е помалото братче, тој исто така е заштитнички поставен кон вас и ви дава до знаење дека е секогаш тука и ви го „чува грбот“.

Целиот негов академски успех е – ваша заслуга

Бидејќи кој ти покажување задачи математика и физика, кој ти ги прераскажуваше лектирите и ти црташе заостанати цртежи по ликовно до 3 по полноќ? Да не бев јас, немаше ниту средно да завршиш, не пак факултет. И пак полесно си помина од мене и поуспешен си.

Секогаш ќе се грижите за него

Без разлика дали разликата е 3, 5 или 10 години, грижата за помалиот брат не престанува никогаш. Иако тој упорно ви нагласува дека веќе не е мало дете и дека има една мајка, не ми се потребни две.

Ќе му бидете најголема обожавателка и поддржувач

Откако ќе ја надминете фазата на глупави караници за ситници, ќе почнете полека да се зближувате и дружите, и ќе сфатите дека помалиот брат ви е практично еден од најдобрите пријатели кои ќе ги имате до крајот на животот.

Што и да реши да направи, вие ќе бидете неговата најголема поддршка и мотивација.

Без оглед на годините, тој засекогаш ќе биде вашиот помал брат

Даде, ќе ми го подадеш пивото? Звучи малку смешно на 45 години? Не би рекле. Јас сум дада, а ти засекогаш ќе бидеш мојот помал и најсакан брат, макар имала и 90 години.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg