10 работи кои ќе ги сфатите како што расте вашето помало братче
И покрај караниците без кои очигледно не може да помине денот (не ми влегувај во собата без тропање, не ми чепкај по работите, зошто си ми го скрил ова или зошто си ми го испил сокот?!), врската помеѓу браќата и сестрите е нераскинлива нишка.
Како што расте вашето помало братче, почнувате да сфаќате многу работи, една по една:
Многу веројатно е дека ќе биде повисок и поголем од вас
Како да беше вчера кога помагавте во менувањето на пелените на ова мало прцулче кое одвај ја достигнуваше кваката на вратата. Денес (нормално) носи поголеми чевли од вас, повеќе тежи и повисок е за една глава, а нема ниту 18 години.
Ќе има фаза кога ќе мисли дека е премногу кул за вас
Молам? Ти си кул за мене, што до вчера мочкаше во креветот додека спиеше и ги облекуваше наопаку шорцовите за фудбал?
Ќе почне да оформува свои мислења и ставови и ќе сфатите дека е всушност попаметен одошто мислевте
Да, тој потајно се угледува на поголемата сестра, но започнува да формира и свои мислења. Неговите аргументи се прилично добри и интересни и звучи изненадувачки добро додека ги објаснува. Чекај бре, брат ми е навистина паметен.
Ниту една девојка нема да биде доволно добра за него
Кога ќе донесе девојка дома, почнувате да ја меркате и оценувате, иако знаете дека тоа не е сосема во ред. Но, не можете да ја сопрете својата здодевна, контролирачки настроена и заштитничка природа, тој сепак е вашето помало братче и така ќе остане засекогаш.
Без разлика колку години имате, ако некој го повреди, во состојба сте да го истепате насилникот
Очигледно деновите кога вашето помало братче си доаѓаше со плачење од играта на улица со зборовите дека некој го удрил, а вие со трчање излегувавте да му вратите на малиот насилник, не се многу зад вас.
20 години подоцна, сè уште сте во состојба да одите и да удрите некого што ќе спушти рака на вашиот помал брат.