10 причини поради кои третата е „полоша“ од втората година
-->
Ова е текст во кој мноштво родители сигурно ќе се препознаат себеси и своите деца. Какви промени се случуваат на конкретната возраст?
Пред да помислите дека станува збор за некакво сериозно научно истражување, веднаш да ви напоменеме дека не е така. Напротив.
-->
Во прашање е мошне духовита листа од една мајка, која направи разлика помеѓу однесувањето на двегодишните и тригодишните деца.
Ова се десетте причини поради кои третата е „полоша“ од втората година:
1. На две години едвај говорат. На три години не престануваат да зборат.
-->
-->
2. На две години плачат. На три години имаат епски изливи на бес, до таа мера, што некогаш сте уверени дека ги „опседнале демони“.
-->
3. На две години јадат сѐ што ќе ставите пред нив. На три години, пак, јадат само три намирници, обично тие што вие не ги сакате.
4. На две години капењето трае десетина минути и резултатот е чисто дете. На три години капењето трае околу еден час, а резултатот е мокра бања, мокри родители и 16 искористени пешкири.
-->
5. На две години носат пелени кои се менуваат под ваше будно око. На три години се научени на нокшир, па светот им се врти околу мочкањето и какањето.
6. На две години вниманието им го привлекува чоколада во продавницата. На три години имаат цел список со предмети кои сакаат да им ги купите.
7. На две години ви допуштаат вам да ги облечете и изгледаат преслатко и невино. На три години инсистираат сами да си одберат облека и да изгледаат како излезени од цртаните филмови.
8. На две години не сакаат да се извалкаат. На три години едвај чекаат да се шлапнат во кал.
9. На две години ви дозволуваат да ги правите нештата наместо нив, заштедувајќи многу повеќе време. На три години сакаат апсолутно сѐ да направат сами, поради што сѐ трае засекогаш.
10. На две години манипулацијата им е последна работа на памет. На три години ве поседуваат – и свесни се мошне добро за тоа.
M. A. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви
„Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“
„Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“
„Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“
„Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца
Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“
„Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...