Ѕвезди кои различно ги воспитуваат децата: Мила и Ештон глумат сиромашни, Серена не слави роденден на ќерка си

Без оглед на сета слава и богатство, некои познати парови едноставно немаат желба, или, пак, категорично се против идејата своите наследници да ги одгледуваат на „очекуваниот“ начин. Дали така е подобро или полошо?

dzvezdi-koi-razlichno-gi-vospituvaat-decata-mila-i-eshton-glumat-siromashni-serena-ne-slavi-rodenden-na-kjerka-si-1.png

Има ѕвезди кои максимално си ги разгалуваат децата, купувајќи им приватни острови и играчки со дијаманти, односно не штедат пари за малечките наследници.

Од друга страна – постојат и спротивни примери. На едни им е целта децата од мали нозе да ја научат вредноста на парите, вторите не сакаат да ги разгалат, додека третите ги одгледуваат во духот на својата вера.

Па, нивните синови и ќерки, можеби ќе станат најскромните богати луѓе на светот. Ова се славните родители кои различно си ги воспитуваат децата:

Серена Вилијамс и Алекс Оханиан

Наследничката на американската тенисерка и коосновачот на Reddit , Aлексис Олимпија, на први септември наполни една година. Но, таа не го прослави роденденот. Зошто?

dzvezdi-koi-razlichno-gi-vospituvaat-decata-mila-i-eshton-glumat-siromashni-serena-ne-slavi-rodenden-na-kjerka-si-2.jpg

Нејзините родители се Јеховини сведоци, па верата не им дозволува славење на родендените. Од истата причина, ќеркичката на Серена Вилијамс и Алекс Оханиан не ќе може да ги слави празниците Божиќ и Велигден.

dzvezdi-koi-razlichno-gi-vospituvaat-decata-mila-i-eshton-glumat-siromashni-serena-ne-slavi-rodenden-na-kjerka-si-3.jpg

Ештон Кучер и Мила Кунис

Славната двојка децата ги лаже дека се сиромашни. Ештон Кучер и Мила Кунис сакаат од најрана возраст да ги научат дека парите не растат на дрво. Иако заработуваат милиони и можат да ги опсипат со луксузни подароци, тие лани одлучија да не им подарат ништо за Божиќ.

dzvezdi-koi-razlichno-gi-vospituvaat-decata-mila-i-eshton-glumat-siromashni-serena-ne-slavi-rodenden-na-kjerka-si-4.jpg

Во интервју за медиумите, актерката откри дека не им цел да ги разгалат тригодишната ќерка Вајат и едногодишниот син Димитри, туку малечките да ги ценат работите: „Ги замоливме и родителите, ако веќе мора да им дадат нешто, тогаш да донесат само еден подарок. Останатите ги даваме во хуманитарни цели. Тоа ни е нова традиција. Немаме намера да израснеме идиоти. Доволно ги има низ светот.“

dzvezdi-koi-razlichno-gi-vospituvaat-decata-mila-i-eshton-glumat-siromashni-serena-ne-slavi-rodenden-na-kjerka-si-5.jpg

Марк Закерберг и Присила Чен

Сопственикот на социјалната мрежа Facebook води прилично интересен живот. Иако плива во пари, одбива така да се однесува во секојдневието. Вози просечен автомобил и постојано носи иста гардероба.

dzvezdi-koi-razlichno-gi-vospituvaat-decata-mila-i-eshton-glumat-siromashni-serena-ne-slavi-rodenden-na-kjerka-si-6.jpg

Подеднакво ги воспитува и двете деца со сопругата. Тој не планира да им остави ниту долар од своето богатство, па ќерките Макс (2) и Август (1) ќе мора самите да се снаоѓаат во светот.

dzvezdi-koi-razlichno-gi-vospituvaat-decata-mila-i-eshton-glumat-siromashni-serena-ne-slavi-rodenden-na-kjerka-si-7.png

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик

Глумицата важи за вистинска модна икона, па изненадувачки е податокот дека се реши да не им купува (пре)скапа и брендирана гардероба на нејзините деца. Напротив. Сара Џесика Паркер попрво се одлучува за евтини и винтиџ парчиња.

dzvezdi-koi-razlichno-gi-vospituvaat-decata-mila-i-eshton-glumat-siromashni-serena-ne-slavi-rodenden-na-kjerka-si-8.jpg

Taa пораснала во повеќебројно семејство, каде алиштата се пренесувале во „наследство“ од поголемите на помалите членови. Деветгодишните близначки Марион и Табита си ја разменуваат облеката, додека синот Џејмс (15) го помина детството во износена гардероба. Сега е веќе тинејџер, па мора самиот да си заработи џепарлак за шопинг.

dzvezdi-koi-razlichno-gi-vospituvaat-decata-mila-i-eshton-glumat-siromashni-serena-ne-slavi-rodenden-na-kjerka-si-9.jpg

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли

Верувале или не, еден од омилените холивудски парови – нема дадилка. Иако Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се презафатени и постојано на снимања, тие не сакаат своите ќеркички да ги препуштат во раце на непознати .

dzvezdi-koi-razlichno-gi-vospituvaat-decata-mila-i-eshton-glumat-siromashni-serena-ne-slavi-rodenden-na-kjerka-si-10.jpg

Кога не се со мама и тато, Џејмс (3) и Инес (1) ги чуваат бабите и дедовците. А, актерот во повеќе наврати истакна дека кога е родителската улога во прашање, ништо не им паѓа тешко: „Не ми е проблем да станам и петпати среде ноќта за да менувам пелени. А, колку и да сум уморен – секогаш имам насмевка на лицето.“

dzvezdi-koi-razlichno-gi-vospituvaat-decata-mila-i-eshton-glumat-siromashni-serena-ne-slavi-rodenden-na-kjerka-si-11.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg