3 добри причини зошто не треба секојпат да му помагате на детето со домашната работа
Многу родители веруваат дека ако не го контролираат процесот на изработка на домашната задача на детето, има шанси „да го испуштат од раце“. Вистината е спротивна.
Понекогаш, оставете го детето само и дозволете му само да си ја заврши обврската, наместо да му висите над глава.
Зошто не е добро секогаш да му помагате на детето со домашната работа?
1. Ќе го изгуби интересот и мотивацијата за учење
Децата кои се контролирани до краен степен, многу често губат мотивација и всушност не сакаат да научат, туку само побрзо да ја завршат „тортурата“.
2. Не ги учите да станат одговорни личности
Ако ги преземате одговорностите на детето, не му оставате простор да погреши и да научи важна лекција за чувството за одговорност и навремено завршување на обврските.
3. Ја расипувате врската родител-дете
Ја расипувате врската на тој начин што детето едвај чека да избега од вас и вашиот притисок, наместо во вас да гледа помош и утеха.
М. Д. | Црнобело