Мајки во викторијански период позирале додека дојат, кога тоа не било табу тема (фото)

Во последно време, сè почесто се дебатира на темата доење во јавност, а иако некои го одобруваат тоа, многу мајки наидуваат на предрасуди.

majki-vo-viktorijanski-period-pozirale-dodeka-dojat-koga-toa-ne-bilo-tabu-tema-foto-001.jpg

Сепак, има такви кои не потпаѓаат под влијанието на стереотипите и им се спротивставуваат на оние кои ги осудуваат, преку фотосесии од доење во јавност.

majki-vo-viktorijanski-period-pozirale-dodeka-dojat-deca-200-godini-pred-toa-da-stane-tabu-tema-02.jpg

Па така, последен вирален хит стана мајката која во ресторан ја замолиле да се покрие додека дои, а таа во знак на протест, наместо градата, си ја покрила главата.

majki-vo-viktorijanski-period-pozirale-dodeka-dojat-deca-200-godini-pred-toa-da-stane-tabu-tema-03.jpg

Долги години е табу жените да ги дојат своите деца во јавност, но тоа не било отсекогаш така.

Уште во викторијанскиот период (1837–1901), било сосема нормално жените да ги дојат децата во јавност.

Иако жените во тоа време не требало да бидат разголени, биле скромни и покриени, во таков случај се знаело дека тоа е потреба за детето и не било воопшто срамно.

Освен што доеле во јавност, богатите жени во 19-ти век најмиле фотографи и позирале додека дојат за да го доловат тој посебен момент со нивните деца.

Но, по 1900-та, жените полека престанале да ја ценат вредноста на доењето и до 1950-тите само 20% од мајките го правеле тоа и со тек на време тоа станало табу тема.

Сега, по околу 200 години од тоа време кога доењето во јавност било нормално, повторно почнуваат да се рушат стереотипите и мајките се спротивставуваат на она што за многумина е табу.

Што мислите вие за ова?

Во продолжение погледнете ги фотките од мајките во викторијански период кои позирале додека дојат:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg