Се огласи мајката по контроверзната објава „Како да сакаш дете кое не си планирал да го имаш“
Нејзината објава на Инстаграм предизвика лавина од негативни реакции, но сега таа вели дека не се кае за постапката затоа што вистината е таа - понекогаш е премногу тешко да бидеш мајка.
Оливија Боуенс e 23 годишна мајка која се соочи со лавина од критики кога минатиот месец сподели искрена Инстаграм објава за борбите што ги има како млада мајка. Сега таа се огласи со охрабрување до сите да го говорат тоа што го мислат навистина и покрај негативните критики со кои може да се соочат, како што се соочила таа.
Таа откри дека мислела дека нејзиното искуство ќе помогне некому, односно ќе биде утеха за некоја мајка која минува низ истото.
Инаку, контроверзната објава Оливија ја стави на 29-ти јули. Станува збор за фотографија на која таа има уморен израз на лицето и до неа е нејзината 2-годишна ќерка Озара што плаче. Описот под фотографијата започна со: „Никој не те учи како да сакаш дете кое не си планирал да го имаш.“ И потоа отворено говореше за грижите околу тоа како ќе успеат со сопругот ќе се грижат за малото девојче.
https://www.instagram.com/p/Bl0BeFlh4N5/?utm_source=ig_embed
Откри дека првата година ѝ било навистина тешко затоа што додека студирала паралелно останувала будна до доцна, менувала пелени, а потоа учела. Имала проблем со менаџирањето со времето и енергијата.
„Имаше моменти кога чувствував дека ми треба простор од моето бебе, затоа што бев со неа секој ден. На моменти ми беше тешко да се поврзам со неа затоа што се чувствував фрустрирано и уморно. Реалноста е дека не сакам да бидам мајка секој ден. Не сакам да бидам спречена да ги бркам моите соништа и цели“, откри Оливија.
Објавата почна да кружи вирално и луѓето ја нарекоа себична жена и никој немаше емпатија за неа.
Оливија забременила на 21 година и иако со партнерот биле 10 месеци заедно сепак бременоста ѝ била изненадување. Сега имаат две деца.
За скандалот таа вели:
„Не очекував толку негативни коментари. Не бев шокирана од тоа што го кажав. Тоа беше мојата вистина. Најмногу ме нервираа два типа на коментари. Еден дека сум сингл мајка и дека сум огорчена, што не е точно затоа што мојот партнер прави толку многу за да ме поддржи, и другиот дека сум лоша мајка и не ги сакам своите деца, што ме болеше и фрустрираше затоа што јас никогаш не кажав дека не ги сакам моите деца - реков дека тоа е процес да научиш да засакаш. Верувам дека љубовта е дело, а не само пеперутки во стомакот“.
Но, Оливија вели дека и покрај осудата не се кае за постапката затоа што имало и многу мајки кои ѝ пишувале дека тоа е нешто кое го чувствувале и се срамеле да го кажат. Отсекогаш сакале да откријат дека понекогаш е премногу тешко да бидеш мајка. Нејзините зборови ги утешиле.
С. С. | Црнобело