Духовита мајка открива како да знаете дека сте подготвени за второ дете

Кога е идеално време за второ дете. е прашање кое мајките често си го поставуваат.

duhovita-majka-otkriva-kako-da-znaete-deka-ste-podgotveni-za-vtoro-dete-01.jpg

Прочитајте ја листата на интересни показатели дека сте подготвени за нов член на семејството која ја има составено една духовита мајка.

Кенди Криби, мајка на две деца, добро знае дека понекогаш е тешко да се процени вистинскиот момент кога сте подготвени за второ дете. Поучена од сопственото искуство, за порталот TheMomBeat составила духовит водич според кои показатели треба да се водите за да процените дали сте подготвени за второ дете.

1. Понекогаш се расплакувате додека ја гледате првата облека на вашето дете.

2. Кога се присетувате на породувањето велите „Па, добро, можеби и не беше толку страшно да се издржат болни контракции 48 часа“.

3. Сте дошле до заклучок дека конечно сте добро одморени.

4. Не можете да одолеете да не го земете во прегратка малото бебе на своите пријатели, под изговор дека само сакате да се потсетите колку убаво мирисаат бебињата.

5. Почнувате на своето куче да му ја облекувате израснатата облека од вашето дете.

duhovita-majka-otkriva-kako-da-znaete-deka-ste-podgotveni-za-vtoro-dete-02.jpg

6. Се интересирате за возила со повеќе седишта. 

7. Немате никаква желба да пробате храна само со партнерот или пријателите во некој нов ресторан, бидејќи повеќе сакате да јадете во ресторан во кој заедно со храната даваат и боички за да боите.

8. Веќе имате одбрано име за второто дете. 

9. Фрлате детски играчки на под и велите „Не, куќата не е доволно затрупана со играчки“.

10. Никогаш не сте престанале да ги носите трудничките панталони.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg