Митови за луѓето кои немаат деца во кои треба да престанете да верувате

Иако децата се вистинска радост и го збогатуваат семејството, сепак често има луѓе кои се одлучуваат да немаат деца, или пак немаат можност за тоа.

mitovi-za-lugjeto-koi-nemaat-deca-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-01.jpg

Независно која е причината, тоа е нивни личен избор со кој самите одлучиле да живеат и никој нема право да им суди.

Но секако, тие најчесто се осудувани од општеството, а многумина стекнуваат погрешно мислење за нив како индивидуи.

Постојат многу митови во кои луѓето веруваат за оние кои немаат деца, а всушност не се вистина.

Погледнете во што треба да престанете да верувате:

Мит бр.1: Луѓето кои немаат деца мразат деца

Всушност, не ги мразат. Повеќето луѓе без деца или се индиферентни кон децата општо или ги сакаат. Многу од тие кои немаат деца работат како наставници, па сите ученици ги гледаат како свои, многу од нив се психолози за деца и пишуваат книги за деца.

Секако, има и такви со порадикални гледишта, но повеќето од нив, не се против децата, туку против родителите кои им дозволуваат премногу и не ги воспитале соодветно.

mitovi-za-lugjeto-koi-nemaat-deca-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-02.jpg

Мит бр. 2: Луѓето без деца сакаат да им го наметнат своето мислење на другите. Затоа имаат свои заедници.

Таквите заедници не се обидуваат да носат што повеќе членови во нивните групи, туку едноставно тие кои се нашле си имаат свои заеднички мислења и си разговараат на теми за кои имаат еднакви ставови.

Многу од нив се посветени на животни, козметика, патување, природа и други теми кои им се приоритетни, но не се обидуваат да ги натераат останатите да немаат деца и не организираат никакви злонамерни настани.

mitovi-za-lugjeto-koi-nemaat-deca-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-03.jpg

Мит бр.3: Луѓето без деца се или неплодни или ментално болни

Репродуктивните функции на телото на индивидуите не се единствената причина заради која тие немаат деца во модерно време.

Тие сметаат дека тоа е личен избор, а причината може да биде многу различна – некои сакаат да живеат живот во целосна слобода, некои не се сметаат за способни да имаат дете, трети имаат премногу обврски заради што сметаат дека не би можеле доволно да се посветат на детето, има и такви кои пак немаат доволно финансии – секој живее со својот избор, а тоа не го прави ништо помалку или повеќе од вас.

mitovi-za-lugjeto-koi-nemaat-deca-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-04.jpg

Мит бр. 4: Луѓето без деца се осамени и не можат да си најдат партнер

Да, има и такви кои немаат деца бидејќи до одредена возраст не успеале да најдат соодветен животен партнер, а потоа веќе е доцна за тоа.

Но, има и такви кои се во сериозна врска, па дури и брак, но немаат такви планови за во иднина и и двајцата се среќни со изборот.

mitovi-za-lugjeto-koi-nemaat-deca-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-05.jpg

Мит бр.5: Поентата на животот е да имаш деца, па оние кои немаат деца, имаат живот без поента

Никој не може да каже што е смислата на нечиј туѓ живот. Ако за некој тоа не е смислата, но на пример, им помага на другите, волонтира, се грижи за бездомници и слично, тоа не значи дека неговиот живот нема смисла.

Секој знае што е најдобро за себе и секој има различни приоритети и цели.

mitovi-za-lugjeto-koi-nemaat-deca-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg