Мајка сруши рекорд во полумаратон туркајќи количка со 3 деца
Синтија докажа дека навистина кога се сака се може. Запознајте ја оваа прекрасна инспиративна мајка!
Сите мајки се прекрасни, но Синтија Арнолд од Монтана, САД е закон.
Таа го трчала полумаратонот Missoula и поставила нов рекорд додека туркала количка со 3 деца.
Синтија истрачала за 1 час и 29 минути, а претходниот рекорд бил 1 час и 49 минути.
Целта на Синитија не била да влезе во историјата, туку на своите деца да им ја прикаже убавината на активниот начин на живот.
Таа уште од средно училиште имала страст за трчањето и учествувала во низа трки. Кога станала мајка не сакала да се откаже и продолжила со својата омилена активност.
„Активниот начин на живот не треба да биде жртвуван поради децата и децата треба да сфатат дека е забавно, нормално и добро да прават ваков тип на избори“, порача таа.
Потегот на Синтија е одличен доказ дека мајчинството не значи дека треба да престанете да ги правите работите што ги сакате.
Запознајте уште една прекрасна мајка која стана вирален хит!
С. С.| Црнобело