15 правила кои Скот Дисик не смее да ги прекрши - ако сака да ги гледа децата со Кортни Кардашијан

8. Тој не може да комуницира со старото друштво.

Скот обожава да се забавува, а не му недостасуваат ниту другари кои се расположени да излезат со него и заедно да западнат во неволји. Како што претходно и напоменавме, во минатото почесто одбираше да се журка со веселото друштво, отколку да седи дома со Кортни.

А, на неа ни малку не ѝ се допаѓа ова. Затоа реши да ги земе нештата во свои раце, па му забрани да се гледа, или, пак, слуша со сите што имаат лошо влијание врз таткото на нејзините деца. Не смее дури ни да разговара со овие пријатели од било каква причина. 

15-pravila-koi-skot-disik-ne-smee-da-gi-prekrshi-ako-saka-da-gi-gleda-decata-so-kortni-kardashijan-11.jpg

9. Не смее да ѝ се одмаздува, излегувајќи со кого стигне.

Трудејќи се да ја направи љубоморна, Скот едно време се гледаше со повеќе различни девојки, па папараците секојдевно го фотографираа со нова придружба. Ја следеше Кортни и во француското гратче Кан, каде таа беше на романтичен одмор со Јунес Бенџима.

Тогаш се зближи со актерката Бела Торн и се избламира себеси. Одеа по забави, обидувајќи се да го привлечат вниманието на јавноста. А, наместо да ја врати назад, сѐ што постигна да добие е забрана за гледање на децата, додека не се „опамети“.

15-pravila-koi-skot-disik-ne-smee-da-gi-prekrshi-ako-saka-da-gi-gleda-decata-so-kortni-kardashijan-12.jpg

10. Двајцата одат заедно на семеен одмор.

Иако се во љубовни врски со други лица, Скот и Кортни се одлучни да им бидат колку е можно подобри родители на Мејсон, Пенелопе и Реин. Петмината одат групно на семеен одмор, па така можеше да се погледнат нивни фамилијарни фотки на социјалните мрежи, додека беа во Нантукет, Хаваи и Аспен.

Можеби делува чудно што двајцата бивши партнери патуваат заедно, но ним ова им е сосема нормално. Во интерес на децата, тие се трудат да останат во пријателски односи.

15-pravila-koi-skot-disik-ne-smee-da-gi-prekrshi-ako-saka-da-gi-gleda-decata-so-kortni-kardashijan-13.jpg

11. Децата се под надзор кога го посетуваат.

Тензијата меѓу брачниот пар кулминираше пред три години, кога Дисик се пријави на рехабилитација, како би ги надминал проблемите со зависноста.

Скот и Кортни раскинаа, а таа имаше невиден страв за добросостојбата на децата. Затоа и го наметна правилото, според кое не постои проблем да поминува време со нив, ама единствено под надзор на друго лице. Една од дадилките ги надгледува Мејсон, Пенелопе и Реин, кога и да се во домот на нивниот татко.

Кардашијан така се осигурува дека не се под ризик, ако повторно реши да пие и изгуби контрола, или, пак, покани дел од неговите „откачени“ пријатели на гости.

15-pravila-koi-skot-disik-ne-smee-da-gi-prekrshi-ako-saka-da-gi-gleda-decata-so-kortni-kardashijan-14.jpg

12. Мора да биде максимално посветен татко.

Ова е уште едно правило кое го постави по лекувањето на Скот. Претходно беше принудена сама да се грижи трите деца, бидејќи тој живееше без кочници.

Откако повеќепати ја изневери, Кортни даде сѐ од себе за Мејсон, Пенелопе и Реин да бидат добро. Навистина се потруди. Сега сака и тој да биде максимално посветен татко, обрнувајќи им далеку поголемо внимание одошто во минатото.

15-pravila-koi-skot-disik-ne-smee-da-gi-prekrshi-ako-saka-da-gi-gleda-decata-so-kortni-kardashijan-15.jpg

13. Прави алкотест пред да ги види децата.

Дисик лани им се врати на лошите навики, по сознанието дека Кортни се забавува со Јунес Бенџима. Од одмаздничките средби со други жени, па до лудите ноќи со пријателите, тој со неговото самоуништувачко однесување сериозно ја загрижи Кардашијан.

Таа беше толку нервозна и исплашена за безбедноста на децата, што наложи да му биде направен алкотест пред да може да ги види, или, пак, одведе некаде.

15-pravila-koi-skot-disik-ne-smee-da-gi-prekrshi-ako-saka-da-gi-gleda-decata-so-kortni-kardashijan-16.jpg

14. Мејсон, Пенелопе и Реин јадат само органска храна.

Кортни инсистира цело семејство да води здрав начин на живот. И од поранешниот партнер бара да им обезбеди хранливи оброци на трите деца. Ова значи дека тие не смее да јадат брза храна кога се во посета на таткото, туку мора да го следат нејзиниoт режим.

На личниот блог неретко пишува што им е дозволено, а што не да консумираат. „Не мислам дека секој треба вака да се храни. Меѓутоа, по направените испитувања, излезе дека сите сме сензитивни на пченкарни, глутенски и млечни производи.“

15-pravila-koi-skot-disik-ne-smee-da-gi-prekrshi-ako-saka-da-gi-gleda-decata-so-kortni-kardashijan-17.jpg

15. Видео игрите се дозволени од половина до еден час.

Кога се децата и електронските уреди во прашање, Кортни е мошне строга мајка, а очекува и Скот да биде таков татко. Иако поседуваат посебна соба за оваа намена, Мејсон, Пенелопе и Реин се лимитирани во однос на тоа кога и колку често смее да играат видео игри, или, пак, да гледаат телевизија.

Ним им е ограничено времето што го поминуваат пред екраните. 30 минути во текот на неделата, односно еден час за викендите, претставуваат сосема доволни по нејзино мислење.

15-pravila-koi-skot-disik-ne-smee-da-gi-prekrshi-ako-saka-da-gi-gleda-decata-so-kortni-kardashijan-18.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg