15 правила кои Скот Дисик не смее да ги прекрши - ако сака да ги гледа децата со Кортни Кардашијан
Двете ѕвезди на реалното шоу имаат договор да не се гушкаат при поздравување. A, за да се осигура дека Мејсон, Пенелопе и Реин се безбедни со нивниот татко, старлетата праќа дадилки како надзор, или, пак, го тера бившиот партнер да направи алкотест.
Во речиси една деценија долгата врска, Кортни Кардашијан (39) и Скот Дисик (35) имаа мноштво подеми и падови. Иако не се повеќе заедно, нив засекогаш ќе ги обединуваат синовите Мејсон (8) и Реин (3), како и ќерката Пенелопе (6).
Се прашувате ли зошто тој уште се вртка околу нејзините сестри, брат и мајка? Така е бидејќи за да остане присутен во животот на трите деца, обврзан е да се придржува до низа строги одредби од бившата.
Ова се петнаесетте правила кои Скот Дисик мора да ги почитува, ако сака да ги гледа децата со Кортни Кардашијан:
1. Не смее да се прикрадува во нејзината куќа.
Откако без најава упадна во собата на Кортни, барајќи очила за сонце, таа реши да постави јасни територијални граници за Скот Дисик.
„Ова некогаш беше твоја куќа. Имам впечаток дека ти влегуваш како сѐ уште да е така.“ , саркастично го прекори Кардашијан. Оттогаш постојат правила за приватноста кои обајцата се трудат да ги почитуваат.
2. Забрането му е да се појавува во клубови.
Од причините што иницираа турбуленции во нивната врска, меѓу најчестите беа платените појавувања на Дисик во ноќни клубови. Ѕвездата на реалното шоу заработи куп пари, исклучиво со доаѓање на настани, пиејќи коктели и флертувајќи со убави девојки.
Дури мајката на неговите деца седеше сама, тој се журкаше по цели ноќи. Некогаш и воопшто не се враќаше дома. Кортни денес не му ги толерира лошите навики. Според блиски извори на семејството, таа ставила „вето“ на доцните излегувања.
Со забраната да се појавува во ноќни клубови, Скот го губи еден од главните извори на приходи. Сепак, Кардашијан не е спремна за компромиси по ова прашање.
3. Нема веќе прегратки кога се поздравуваат.
Кортни не е единствената што го постави ова правило. При дискусијата на крајот од 14-та сезона на „Keeping Up With The Kardashans“, Дисик самиот предложи да постават граници во нивниот однос. Скот побара поголем личен простор од Кортни, па бившите партнери преговараа како ќе се поздравуваат еден со друг.
„Не сакам веќе да се гушкаме. Мислам дека треба само да си подадеме рака кога ќе се сретнеме. Во ред ли е?“ Кардашијан даде поинаков предлог. „Може да направиме и „да пукне“!?“. Тој ја одби идејата, сметајќи ја за премногу детинеста, по што двајцата пронајдоа компромисно решение.
4. Не може да ѝ се меша во љубовниот живот.
Скот полуде кога Кортни почна да се гледа со сегашното момче, помладиот Јунес Бенџима. Откако папараците ги уловија заедно, таа одлучи да му се јави на бившиот. Дисик го повиши тонот за време на телефонскиот разговор, а во наредните епизоди од реалното шоу, Кардашијан откри и дека му се заканил на Бенџима.
„Твојот мал пријател ќе биде натепан.“, гласело неговото предупредување. Од друга страна, старлетата му стави до знаење дека е должен да ѝ даде слобода – за да ужива во љубовта со друг партнер. Сега мора да игра по нејзини правила, оставајќи ја љубомората настрана.
5. Забрането е да ги запознава децата со несериозни девојки.
Помеѓу двајцата фрчеа искри и кога проструи веста дека Дисик е во врска со манекенката Софија Ричи. Тој наводно сакал уште веднаш да им ја претстави на Мејсон, Пенелопе и Реин. Кортни, пак, строго се противела на идејата, одбивајќи да ѝ дозволи да поминува време со нив.
Не веруваше дека бившиот има сериозни намери со 19-годишната девојка. Софија ја сметаше за претерано млада, како за него, така и за да им биде добар пример на трите деца. Затоа и првично не ја одобруваше. Инсистираше дека Скот мора да е во врска барем шест месеци, пред да ги запознае со својата избраничка. Денес конечно има доверба во неа.
6. Тој мора да се дружи со кланот Кардашијан.
Кога станува збор за семејството, Кортни е децидна дека Скот не треба да се фокусира само на децата, туку на цела нејзина фамилија. Затоа и бара од него да поминува време со сестрите, братот, па дури и мајка ѝ Крис Џенер.
Ова е објаснувањето зошто Дисик честопати оди на разни патувања, или, пак, се појавува на настани како поддршка на кланот Кардашијан. Сѐ уште е мошне близок со екипата на бившата.
Редовно е присутен и во реалното шоу „Keeping Up With The Kardahsians“, каде и понатаму е еден од главните ликови. Неговите родители се починати, па тие се и единственото семејство кое го има во моментот.
7. Не смее да користи микробранова печка.
Општо познато е дека Кортни е опседната со здравиот начин на живот, како и дека се придржува до ригорозни диететски правила. Особено кога се работи за исхраната на Мејсон, Пенелопе и Реин. Па, природно е да претпоставите дека има поставено високи стандарди и кога тие се во домот на Скот Дисик.
Со едно од правилата, таа му забранува да користи микробранова печка за оброците на децата. Кардашијан не го поднесува ова и самата одбива да ја употребува.
Одлуката ја образложи на својата апликација. „Кога се роди Мејсон, истражував многу на темата здравје. Ја исфрлив микробрановата печка, откако прочитав дека токсините од садовите може да се пренесат на храната при повторно загревање.“