Мајка напиша емотивно писмо до ќерката што ја изгубила при спонтан абортус
Таа вели дека никој не може да ја пополни празнината во нејзиното срце, иако светот не го сфаќа тоа.
Фиби Шилдс е мајка која на блогот PS It’s a Mum Thing проговори за спонтаниот абортус со кој се соочила. Иако потоа родила здраво момче, тоа не значи дека успеала да ја заборави ќерката што ја изгубила.
„Ми се слизна брзо и тивко, без да оставиш впечаток на светот. Никој не знаеше дека си тука, освен твојот татко и јас.
Но, треба да знаеш дека беше сакана. Сакам да мислам дека веќе го знаеш тоа.
Некои велат дека беше прекратко тука за да оставиш голем впечаток врз мене. Но, работата е што иако беше со мене многу кратко, јас веќе направив место за тебе во моето срце.“
Фиби вели дека научила да се справува со болката дозволувајќи си да ја чувствува загубата, а не игнорирајќи ја и преправајќи се дека спонтаниот абортус не се случил. И им го порачува истото на сите жени што минуваат низ истото.
С. С.| Црнобело