Трикови кои ги користат сите искусни родители за секојдневие без нервози
Не е лесно да се биде родител и секој ден носи нови предизвици и тестови кои треба да ги поминете.
Но, благодарение на интернетот, триковите кои искусните родители ги практикуваат може лесно да се прошират и да се споделуваат искуства.
Следниве трикови може да ви се најдат во најразлични ситуации, а сите се препорачани од искуство на родители кои поминале низ иста мака.
Сега е ред на вас:
1. Ако детето се превртува во сон и паѓа од креветот, заврзете со трака гумени ролери и ставете ги под чаршафот.
2. За да нема неред од мали колички, претворете некоја стара кутија во игралиште, односно нацртајте патеки и објекти каде детето ќе ги вози количките, а притоа ќе останат таму по играњето.
3. Користете филтер за кафе или корпи за колачи за да спречите во сокот да влезат бубачки. За да не се истура, прво покријте ја чашата со проѕирна фолија и направете дупче за цевката.
4. Направете чаша за детето која лесно ќе може да си ја земе само кога ќе сака да пие нешто. Потребен ви е течен лепак и неколку магнети кои ќе ги прикачите на чашата, а потоа ставете ја на вратата од фрижидерот.
5. Ако треба да надувате повеќе балони, истурете малку сода во балонот и ставете го на шише со оцет. Содата ќе се истури во оцетот и балонот ќе почне да се дува.
6. За пакувањата со темперни боички да не се уништуваат и да не се мешаат боите директно во нив, користете кутија од јајца каде децата ќе можат да си ги мешаат боите и добро да ја исцедат четката.
7. За децата да не ги валкаат блузите додека бојат, за време на активности со боички ставете фолија на предниот дел од блузата и испеглајте ја од внатрешна страна за да се залепи, а по завршувањето, само одлепете ја.
8. За да ги научите децата правилно да држат молив, прицврстете го моливот со гумено ластиче како на сликата.
М. М. | Црнобело