5 начини на кои мајките несвесно даваат позитивен пример на нивните деца

Мајките имаат огромна улога во растот и развојот на детето и тоа е непобитен факт против кој никој ништо не може.

5-nachini-na-koi-majkite-nesvesno-davaat-pozitiven-primer-na-nivnite-deca-01.jpg

Тие влијаат врз своите деца на различни начини - некогаш преку самиот начин и стил на воспитување, но често и преку своето лично однесување.

Исто така, огромно влијание има и таткото, но како по некое непишано правило, на голем број деца низ светот, токму мајките им се модел кој го следат низ животот.

Ова се пет начини на кои мајките позитивно влијаат врз своите деца, а често тоа го прават всушност, сосема несвесно:

1. Негуваат позитивна слика за изгледот на телото

Мајките често знаат да искоментираат дека некоја девојка е преслаба или дека претераната набилданост на телото воопшто не е природна и женствена.

Со тоа можат да им помогнат на своите деца да сфатат дека некои идеали се недостижни и дека изгледаат сосема убаво и без да се разголуваат и кога се хранат здраво и умерено, без да се впуштаат во ригорозни диети.

Исто така, влијае и како мајката се доживува себе. Ако постојано е на некоја диета или има комплекс дека има вишок килограми, таквото однесување го прифаќа и детето, иако воопшто не е дебело.

2. Инсистираат на оброци без технологија на масата

Семејниот оброк е одлично време за семејството да помине време заедно, а децата да стекнат навики за редовна исхрана.

Секогаш кога некој од родителите инсистира на масата да нема мобилен телефон или таблет, од една страна отстранува сè што му го влече вниманието на детето, но од друга страна го учи дека заедничкото време е навистина важно за семејството.

И секако, најважно е и самите родители да го применуваат тоа правило. 

3. Контролираат што ќе се гледа на телевизија

Љубопитноста на децата често може да предизвика по дома да ви свири музика што не ја сакате или да следите ТВ-програми полни со насилство и примери за лошо однесување.

Можеби вашето дете неколку дена ќе плаче и ќе се лути, но со построга контрола на медиумските содржини, полесно ќе научи што е квалитетна програма и во иднина самото ќе избере нешто корисно и едукативно, наместо бесмислени видеа и цртани филмови кои лошо влијаат на однесувањето.

4. Не користат мобилен телефон додека возат

Кога мајките ги возат децата, првично не користат мобилен телефон затоа што тоа е забрането и ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Со тоа, им даваат пример на децата дека и тие во иднина кога ќе бидат зад волан, треба да бидат концентрирани на сообраќајната ситуација, без ништо друго да им го одвлекува вниманието.

5. Ги учат децата на влијанието на медиумите

Ретко кој може да одолее на добра реклама, дури и ако се рекламира крајно лош производ. Многу мајки се свесни дека сè што е привлечно и шарено, не значи и дека е добро за нејзините деца.

Така, уште од мали нозе, тие учат за медиумскиот маркетинг и за тоа дека треба да избираат производи според квалитет, а не според популарност.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg