Приватни острови, играчки со дијаманти: Како ѕвездите си ги разгалуваат децата?

Богатите и славните може да купат сѐ. Тие особено не штедат пари на своите малечки наследници.

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-1.png

Неретко и ја преминуваат границата на добриот вкус, опсипувајќи ги со луксузни и скапоцени подароци кои реално не се примерни за нивната возраст.

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-2.jpg

Од дизајнерски парчиња облека и накит, преку скапи автомобили и куќи, па до приватни острови и паркови, немаaт граници желбите на познатите родители да ги задоволат нивните најмили.

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-3.jpg

Се расфрлаат со пари за родендените, празниците, или, пак, без некаков посебен повод. А, апетитите сѐ повеќе и повеќе растат.

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-4.jpg

Ви откриваме десет примери како ѕвездите си ги разгалија децата:

Тајрис Гибсон ѝ откупи приватен остров на ќерката Шејла...

Како подарок за празниците, американскиот музичар и актер Тајрис Гибсон ја изненади неговата наследничка со навистина мегаломански подарок. На свои осум години, Шејла Гибсон стана најмладата сопственичка на приватен остров.

Татко ѝ не почека информацијата да проструи во медиумите, туку самиот јавно си се пофали: Ѝ купив на ќерка ми остров. Не можам да кажам каде. Наскоро ќе го објавам на Фејсбук.“

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-5.png

Викторија и Дејвид Бекам создадоа ѕвездено небо во собата на синот Бруклин...

Најстариот наследник на популарната британска двојка поседува спална соба за каква многумина сонуваат. Бруклин е страствен љубител на ѕвездите. А, мама и тато не ни помислиле да му залепат флуоресцентни стикери кои светат во темнина.

Тој доби оптички плафон на струја, што неговите родители ги чинеше „скромни“ 50.000 долари. Кога ќе си легне да спие, над неговата глава се создава вистинска ѕвездена ноќ. А, тој ужива во глетката испружен во креветот. Магично, зар не?

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-6.png

Бред Пит и Анџелина Џоли ѝ изградија скејт-парк на керќата Шајло...

Додека беа во хармоничен брак, славната холивудска двојка ги исполнуваше сите каприци на нивните деца. Бред Пит и Анџелина Џоли ѝ изградија скејт-парк на ќерката Шајло како подарок за роденденот. Само за неа.

Посебен тим од градежници работеше на проектот, при што го жртвуваа поголемиот дел од градината во дворот на семејниот дом. Но, ним ова не им пречеше.

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-7.png

Џенифер Лопез ги заспиваше близнаците Макс и Ема со дијамантски тропалки...

Од моментот кога ги донесе на свет, латино дивата веднаш почна да ги разгалува своите наследници. Џеј Ло им купи на новороденчињата скапоцени тропалки со дијамантски камења.

А, бидејќи се близнаци, славната мама реши тие да не ја делат истата играчка, па им зеде две – за секое по едно. Макс и Ема веројатно немаа поим колкаво богатство држат во своите раце, но затоа целиот свет зборуваше за астрономската цена на оваа бизарно скапа тропалка.

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-8.png

Бијонсе и Џеј Зи нарачаа специјална барбика со дијаманти за ќерката Блу Ајви...

Мноштво девојчиња мечтаат да ја добијат најпознатата кукла на светот како роденденски подарок. Бијонсе и Џеј Зи, пак, отидоа чекор понапред, нарачувајќи специјално изработена барбика за ќеркичката Блу Ајви.

Украсена беше со дијаманти, а нејзината вредност изнесува 80.000 американски долари. Mалата принцеза ја доби на прославата за првиот роденден, каде потрошија и 95.000 долари на декоративни рози, 30.000 долари на костими и 2.400 долари за роденденска торта.

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-9.png

Мараја Кери и Ник Канон им направија цела слаткарница на близнаците Марокан и Монро...

Има ли дете што не фантазира за изобилство од слатки? Иако се разведени, Мараја Кери и Ник Канон заеднички ги разгалуваат своите деца со подароци. Во една прилика, раперот објави фотка на Инстаграм, навестувајќи дека близнаците Морокан и Монро поседуваат цела слаткарница во домот.

Од лижавчиња и бонбони, преку чоколатца и колачи, па до апаратот за шеќерна волна, ќе се сложите дека дури и возрасните тешко би одолеале на една ваква слатка соба.

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-10.png

Крис Џенер ја поднови ќерката Кајли со Hermes чанта пред 18-тиот роденден...

Најмалата членка на кланот Кардашијан-Џенер живее во гламур од мали нозе. Поседува возен парк од фенси автомобили, колекција луксузен накит и еден куп недвижности на нејзино име.

Мама Крис се потруди максимално да ѝ го разубави осумнаесетиот роденден на Кајли, па покрај нов Mercedes G класа, ќерка си предвреме ја разгали и со познатата Hermes Birkin дизајнерска чанта.

Нејзината цена достигнува и 150.000 долари. Младата старлета не издржа долго, туку веднаш се пофали со фотка на Инстаграм, собирајќи над милион лајкови за објавата.

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-11.png

Ким Кардашијан ѝ го наполни плакарот на керќата Норт со гардероба од милион долари...

Кога веќе говориме за најславното семејство на деценијата, ред е да се споменат и мајчинските дострели на Ким Карашијан. Старлетата важи за модна икона, па не чуди што нејзината ќерка ги има на дофат сите дизајнерски парчиња.

Верувале или не, Ким во неа има инвестирано скоро милион долари, па се проценува дека плакарот на Норт Вест ја содржи најскапата облека што едно дете ја поседува. Малата фешнистка носи ексцентрични и вртоглаво скапи комбинации.

Во раката држеше чанта Louis Vuitton на само тригодишна возраст, а забележана беше и со дијамантски обетки во вредност од 50.000 долари. За изгледот на малечката дива се ангажирани стилисти за гардероба, коса и шминка, коишто госпоѓа Вест ги плаќа 5.000 долари неделно.

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-12.png

Шон Комбс му подари автомобил Mercedes на синот Џастин за 16-тиот роденден...

Наследникот на раперот кој е познат под псведонимите Паф Деди или Пи Ди, навистина го фасцинираше дарежливоста на татка си за роденденот. Подарокот  стигна обвиткан со црвена панделка. За најлуксузниот модел на Mercedes-Benz, раперот издвои неверојатни 360.000 долари од џебот.

Целата прослава беше снимена и прикажана во „My Super Sweet 16“, популарното реално шоу на MTV. Шон Комбс и самиот е голем ентузијанст за автомобили, па поседува импресивна и прилично скапа колеција.

Џастин, пак, не ја сокри радоста на забавата: „Моментално сум во екстаза. Не можам да опишам со зборови како се чувствувам. Благословен сум и благодарен за сево ова.“

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-13.png

Берни Еклстон ѝ плати на ќерката Петра специјална куќа за нејзините кучиња...

Таа важи за „најразгалена личност“ во Велика Британија – и со причина. Нејзиниот татко е поранешниот прв човек на Формула 1, па со сестра ѝ Тамара никогаш не морале да се помачат за ништо во животот. А, богами ни самите да платат.

Покрај домот во Челзи, Берни Еклстон ѝ купи на Петра уште една куќа во Лос Анџелес, вредна околу 52.000.000 фунти. Која беше причината? За богаташката да има доволно простор каде удобно ќе ги смести своите пет кучиња.

Имотот располага со 14 спални соби, а нејзините миленици станаа најбогатите животни на планетата. Совршена милионска инвестиција, нели?

privatni-ostrovi-igrachki-so-dijamanti-kako-dzvezdite-si-gi-razgaluvaat-decata-14.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg