15 „кралски“ бонтон правила кои секое дете треба ги научи до 10 години

Пријатно е да се набљудуваат благодорничките манири на принцот Џорџ и принцезата Шарлот, зар не? А, што е со вашите малечки дома?

15-kralski-bonton-pravila-koi-sekoe-dete-treba-gi-nauchi-do-10-godini-1.png

Убавото однесување се учи од мали нозе. Не е важно што само ретки деца имаат кралски третман како принцот Џорџ и принцезата Шарлот. 

Секое дете може да се однесува како мала принцеза или принц. Зошто?

15-kralski-bonton-pravila-koi-sekoe-dete-treba-gi-nauchi-do-10-godini-2.jpg

Бидејќи така оддава впечаток на учтива, културна и пристојна личност, покажува почитување кон другите луѓе и си ја олеснува комуникацијата со околината.

Според експертката Мика Мајер, специјализирана за кралскиот бонтон, постојат важни лекции кои децата треба да ги научат веќе до десеттата година.

15-kralski-bonton-pravila-koi-sekoe-dete-treba-gi-nauchi-do-10-godini-3.jpg

„Без оглед на личните цели и статусот, фините манири, љубезноста, почитувањето и социјалните вештини се изучуваат од раното доба. Никогаш не е прерано да се започне. Децата како принцезата Шарлот и принцот Џорџ, почнуваат да учат за однесувањето на маса, веднаш штом ќе можат да седнат во трпезаријата.“

15-kralski-bonton-pravila-koi-sekoe-dete-treba-gi-nauchi-do-10-godini-4.jpg

Ова се „кралските“ бонтон правила кои секое дете треба ги научи до 10 години:

Правилно да го користи приборот за јадење.

Секогаш да си ја брише устата со салфетка.

Никогаш да не џвака со отворена уста.

15-kralski-bonton-pravila-koi-sekoe-dete-treba-gi-nauchi-do-10-godini-5.jpg

Да каже „молам“, „благодарам“ и „извинете“.

Никогаш да не го коментира туѓиот изглед, освен ако има нешто убаво да каже.

Да не ги прекинува возрасните додека разговараат со некого.

15-kralski-bonton-pravila-koi-sekoe-dete-treba-gi-nauchi-do-10-godini-6.jpg

Да не се ѕвери и да не го вперува прстот.

Не смее да им се обраќа на возрасните луѓе по име, доколку тие не му дозволиле.

Да го каже своето име додека се ракува, како и да ги претстави пријателите при запознавањето.

15-kralski-bonton-pravila-koi-sekoe-dete-treba-gi-nauchi-do-10-godini-7.jpg

Да ја покрие устата кога кива или кашла.

Важно е да ја покани особата што стои сама да се придружи на групата.

Да го гледа соговорникот во очи додека зборува.

15-kralski-bonton-pravila-koi-sekoe-dete-treba-gi-nauchi-do-10-godini-8.jpg

Секогаш да тропне на вратата пред да ја отвори.

Културно да одговори на телефонскиот повик.

Пристојно да се облече и среди за посебни пригоди.

15-kralski-bonton-pravila-koi-sekoe-dete-treba-gi-nauchi-do-10-godini-9.jpg

 M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg