Загрижувачка статистика: Што ги мачи децата најмногу во животот?
Мора да преземете сериозни чекори да му помогнете на вашето дете да се справи со преголемиот притисок од стандардите поставени на интернет.
Компанијата Simba направи истражување од што децата, односно тинејџерите, се најнезадоволни во животот и дојде до загрижувачки резултати.
Едно од 4 деца на возраст од 9 до 16 години вели дека физичкиот изглед му е најголемата грижа во животот. 4 од 10 млади луѓе откриле дека некогаш добиле негативен или злоупотребувачки коментар за својот изглед.
Третина од младината константно чувствува анксиозност поради несигурноста дали луѓето околу нив ќе ги прифатат или не. 1 од 6 деца е загрижено затоа што е „поинакво“ и смета дека не може да се вклопи во околината.
Фотографиите од познатите личности направени на црвениот тепих, па од фотографиите од блогерките направени од вистинскиот агол, како и неограничениот пристап до интернет направија децата да си поставуваат превисоки критериуми, па дури да бидат и мета на злобни коментари.
Светот сè повеќе се фокусира на визуелното, а децата се под сè поголем притисок да изгледаат совршено.
С. С.| Црнобело